Еден мудар човек стоеше на брегот и ги гледаше децата како си ѕидаат кула од песок. Само што ја завршија својата прекрасна кула, за која им требаше толку многу време и трпение, дојде бран и за миг ја избриша од земјата. Човекот се натажи очекувајќи кај децата да види солзи и гнев. Но тие само кротко си седнаа на песокот се фатија за раце и почнаа слатко да се смеат. Веќе следниот миг започнаа да градат нова кула.
Човекот се насмевна и рече „Денес од овие дечиња научив многу важна лекција. Сите нешта во нашиот живот за кои трошиме толку многу време и енергија, се создадени во песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран и ќе го однесе она што сме го изградиле со толку труд. Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние што ќе имаат некого да го држат за рака“.