Еднаш, еден човек кој се сметаше за многу паметен, наиде на еден добродушен селанец кој си одеше по патот кон црквата.
– Каде одиш? – го праша човекот.
– Одам во црква – одговори селанецот со насмевка.
– Ајде да те прашам нешто – рече со потсмев паметниот човек – Дали твојот Бог е голем или мал?
– И голем и мал – одговори селанецот мирно.
– Но, како може да биде и двете? – се зачуди човекот.
– Може, господине – објасни селанецот – Тој е толку голем што не може да Го соберат ни небесата, но е и толку мал што може да живее во моето срце.
Човекот остана без зборови од мудроста на селанецот и замислено продолжи по својот пат.