Најголемата победа

Еднаш не така одамна на една посебна трка девет дечиња со пречки во развојот стоеја на стартната линија на трка на сто метри. Се слушна истрел и трката започна. Не трчаа сите, но секој сакаше да учествува во победата. Трчаа по тројца и тогаш едно дете се сопна и падна, па почна да плаче. Останатите осум деца го слушнаа како плаче. Ги успорија чекорите и се свртеа… потоа застанаа и се вратија назад… сите до еден…

Девојчето со Даунов синдром седна до него, го гушна и праша: „Дали си добро?“ Потоа сите деветмина, еден до друг зачекорија и стигнаа до целта. Сите гледачи станаа и почнаа да ракоплескаат. Аплаузот траеше многу долго… И ден денес луѓето зборуваат за тоа.
Зошто?

Некаде длабоко во себе сите ние знаеме дека најважното нешто во животот не е нашата сопствена победа. Најважно во животот е да им помогнеме на другите да победат. Дури и кога тоа значи дека треба да ја успориме или измениме сопствената трка.

Свеќата не го губи својот сјај кога пали друга свеќа.