Што бараш ќе најдеш

На влезот во едно село, некој патник наишол на старица што си собирала лековити билки.

„Добар ден, мајче. Можел ли да ми кажеш какви се луѓето во ова село?“

„А, какви беа таму од каде што доаѓаш, синко?“

„Поарно не прашувај. Себични, пакосни, само на себе мислат и гледаат како на другите да им наштетат“.

„Ех, синко мој, такви и овде ќе најдеш!“ – му одговорила бабичката и продолжила да собира билки.

Нешто подоцна, по патот наишол уште еден човек и исто така ѝ се обратил на бабичката.

„Добар ден, добра жено. Какви се луѓето во ова село?“

„А, какви беа таму од каде што доаѓаш, синко?“

„Добри беа мајче. Гостољубиви, срдечни, добродушни, спремни да помогнат, весели… баш ми беше жал што морав да си заминам од таму“.

„Да, да… Исти такви ќе најдеш и овде, синко…“

Поука: Каде и да појдеш ќе најдеш и добро и зло, од она што го имаш во твоето срце зависи што ќе бараш во луѓето, и тоа и ќе го најдеш.