Во една прилика, некој човек го повикал својот пријател индијанец, на гости во голем град.
Го повел со себе во разгледување на градот и додека шетале, индијанецот одеднаш рекол: „Слушам штурче!“
„Невозможно е, во толкав метеж од брмчењето на автомобилите и гужвата, ти да го чуеш штурецот“ , му рекол пријателот. „Невозможно!“.
Индијанецот се наведнал, ја поткренал грмушката и му го покажал штурчето.
„Но, како?“ запрашал неговиот пријател.
Индијанецот побарал една монета и ја испуштил на тротоарот. Монетата заѕвечкала! Минувачите застанале и се свртеле накај местото, од каде што доаѓал звукот на паднатата монета.
„Она што си научил да го слушаш, ќе го чуеш…каков и да е метежот, каде и да си“ одговорил Индијанецот.
„Гледаш, овие луѓе во метежот ја слушнаа монетата, а јас го слушнав штурчето.“