Животот е како ехо

Еден човек и неговиот син шетаа по шумата. Наеднаш детето се сопна и бидејќи почувствува болка, извика: „Оф!“ Ненадејно, тоа слушна глас што доаѓаше од планината: „Оф!“ Детето го обзеде љубопитство па викна „Кој си ти?“ Но одговорот што го доби беше: „Кој си ти?“ Ова го налути, па тоа силно извика: „Кукавицо!“ А гласот му одврати: „Кукавицо!“ Детето го погледна татка си и го праша: „Тато, па што е ова?“

„Синко“, рече таткото, „внимавај сега“. Тогаш таткото викна: „Ти се восхитувам!“ Гласот одговори: „Ти се восхитувам!“ Таткото повторно извика: „Прекрасен си!“ Гласот одврати: „Прекрасен си!“ Детето стоеше изненадено, сè уште не сфаќајќи што се случува.
Таткото му објасни: „Ова го викаат ‘ехо‘, но тоа е всушност – животот.

Животот секогаш ти го враќа она што ти го даваш. Животот е огледало на твоите дела. Сакаш ли повеќе љубов, давај повеќе љубов. Сакаш ли повеќе добра, подари повеќе добра. Сакаш ли разбирање и почитување, тогаш разбирај и сам почитувај. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе и да се однесуваат со почит, тогаш и ти биди трпелив со луѓето и укажи им почит. Ова правило важи за секој аспект на нашиот живот.

Животот секогаш ти го враќа она што го даваш. Текот на твојот живот не е случајност, тоа е огледало на твоите дела“.