Роза

Некој човек со љубов одгледувал роза. Ја пазел, се грижел за неа, ја полевал, опкопувал и плевел. Уште пред розата да расцути, додека сè уште била една прекрасна и нежна пупка, човекот забележал дека на стебленцето израснале трња. Тој непријатно се изненадил и си помислил: „Не е можно така прекрасен цвет да излезе од билка наредена со толку многу остри трња!“ Соблазнет од таа помисла, човекот ја занемари розата. Повеќе не ја полеваше, плевеше и чуваше од гасеници, па прекрасната роза овена уште пред да процвета.

Така е и со многу луѓе. Во душата на секој човек се наоѓа роза. Бог ја всадува во нас уште при раѓање и ја сместува помеѓу нашите трња на недостатоци. Многу луѓе гледајќи ги другите, го гледаат само трњето – недостатоците. Други, пак, очајуваат, свесни за своите недостатоци. Тие мислат дека ништо добро не можат да направат или дадат и никогаш не ги исполнуваат талантите со кои Бог ги обдарил. Зашто не можат да ја видат розата во својата душа. Но, затоа некој друг мора да им помогне да ја пронајдат. Да им помогнеме на луѓето околу нас да ги надминат недостатоците. Ако му помогнеме некому да ја пронајде розата во својата душа, тој ќе го победи трњето и ќе цвета секогаш… и одново.