Реставрација на медаљони од црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица од 1840 год. во Дебар

Предмет на истражувањето е произнесување на постапката за спроведување на стручната методологија за вршење конзервација и реставрација на оштетените медељони превземени од црквата посветена на Пресвета Богородица од 1840 год. која се наоѓа во срцето на Дебар. Во предвидениот случај самиот методолошки пристап се насочува во прилог кон понатамошната идентификација на творештвото на зографската тајфа, која ја отсликала внатрешоста на овој црковен објект, вклучувајќи го црковниот инвентар, иконостасот, сводниот дел, галеријата и амвонот. Истовремено низ процесот на конзервација и реставрација појасно се разоткриваат сознанијата за идентификување на насликани портрети на светители, композиции со приказ на библиски сцени  со разновидна застапеност на христијанско-празнична, патристичка тематика, кои се вбројуваат во изворноста на мотивот на сликање во творештвото на самите зографи.

                 Првичната иницијатива за спроведување на стручната методологија на конзервацијата и реставрацијата на медаљоните се препишува пред се на заслугата и добрата препознатливост на творештвото на  претставниците на Дебарските школа на мајстори од страна на умешното око на Епископот Антаниски Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител. Благодарение на неговата иницијатива и воедно и на дадениот благослов, црквата посветена на Успение Пресвета Богородица започна со нејзиното реставрирање, стартувајќи од самата архитектура и кровниот дел, па се до уметничкиот сегмент при непосредната заштита на зографското творештво. Во сиот тој сегмент на движното и недвижното духовно и културно-историско наследство, се вбројуваат и предвидените медаљони.       

Предмет на истражување

                Со досегашните теренски истражувања и сознанија за самата црква, посветена на Успение на Пресвета Богородица која датира од 1840 год. се доста оскудни, што овозможува плоден терен во понатамошното и подлабокото истражување за творците и творештвото на мајстори и зографи при целокупното реализирање на црквата и нејзиниот црковен инвентар.

                Медаљоните изискуваат со изворедна реткост во нивното постоење. Според начинот на изработка наликуваат на плаштаници или бајраци, кои се насликани обострано на платното. Изработени се во впишана кружна форма во дијаметар од 80 см, севкупно се изработени 8 кружни медаљони, на кои се со насликана претстава на Серафимите. Серафимите се возвишените шесткрилни ангели означувајќи ја примарната улога на Божјото сеприсуство. Едниот од медаљоните се разликува по формата на обликување и мотивот на сликање, во кој е насликано Воскресение Христово во елипсовидна форма, со димензии 70 х 90 см.

Увид во состојбата на медаљоните

            Првичната состојба пред да се отпочне со методот на конзервацијата и рестварцијата на нивната заштита беше загрижувачка но и застрашувачка, што за среќа вроди со плодни резултати, повеќе од очекуваното. Според самите фотографии може да се забележи и воочи самата деструктивност во затекнатата состојба на самите медаљони. Од непознати причини медаљоните долг временски период биле запоставени, а дел од нив зафрлени во таванскиот просторен дел во црквата. Нивното запоствување било проследено со бројни оштетувања, како што се наталожената нечистотија, влагата која продирала од таваницата и директно влијаела врз насликата подлога на медаљоните, попатна појава и на мувла, но и појава на бројните црвотичини на т.н. рамка, на која биле оптегнати самите медаљони. Начинот на изработка на медаљоните, се претпоставува за употребата на ленен материјал на платно, кој бил достапен во непосредното околинско опкружување. Додека пак за избор на рамката на која се оптегнати медаљоните, направени се од лесно обработливо дрво, прачка или гранка, за која се претпоставува дека станува збор за избор на врба како материјал. Секако дека не треба да се изостави фактот дека, самите мајстори ги користеле материјалите од околинската непосредна средина, која била пристапна дури и во секојдневниот живот. Доброто познавање и умешноста за технологијата и техниката во творештвото на Дебарските мајстори и зографи, придонело медаљоните да преживеат после толку долг временски период од нивното создавање.

           Поставеноста на цртежот е исто исцртана на сите 8 медаљони од двете страни, но крајната насликана фаза  е сосема карактеристична и засебна за секој зограф како поединец кој го остварил колективното композициско решение. Но, однапред укажува на фактот за неповторливоста во зографскиот пристап на сликање на ангелите, сите се исти но се различни. Разликата во аверсот и реверсот од двостраните медаљони е во просек од 5 см по рабовите, односно просторот за кој е предвиден за поставување на дрвената кружна рамка.  Откако успешно се отстранија дрвените кружни рамки од платното на медаљоните се пристапи кон методот на чистење и отстранување на наталожената нечистотија и осветлување на ликовите на Серафимите.

              Записи од зографската рака не е пронајден ниту во еден од предвидените медаљони, но тилопошки и вузиелно земено за изработка на самите медаљоните во споредба со иконографијата на икостасот и на живописот може да се востанови дека станува збор за претставниците од Дебарскта школа на мајстори и зографи, конкретно од Лазарополе, но и од Гари. Единствена искриппција е забележана во доменот на Воскресение Христово Воскресéнïе Хрïстòво.

Постапка на отпочнување на методолошкиот зафат

             Со отпочнување на методолошкиот зафат на конзервацијата и рестварацијата на медаљоните, првин се започна со увид на состојбата на медаљоните и нивното евидентирање. Постапката етапно води кон отстранување на кружната рамка на која е затегнат медаљонот. Дрвената кружна рамка е вешто изработена која воедно ја прати формата на самиот медаљон, но при самото одвиткување на платното, дрвената рамка на неколку места парцијално е деградирана, поради длабокото навлегување и нагризување од инсекти и појава на црвоточината. Забележани се неколкуте надовржувања на дрвената рамка со врвки и мали клинчиња кои како спојка се поставени за да може да се задржи обликот на кружницата од рамката. Еден дел од медаљоните беа најдени на оптегната дрвена рамка, додека пак останатите беа без рамка, па дури и без парче од насликано платно. Поголем дел од дрвената кружна рамка се доста кршливи и суви кои ја изгубиле еластичноста и полноста на двото, пропратени со трошност и прав. Оптегнатоста на платното од медаљоните е на крај сошиена за самата дрвена рамка, што воедно формира аверс и реверс на медаљонот. Самиот факт укажува на умешното совладување на обостраноста на медаљоните при композициското решение на насликаните ангели, Серафими.  

Отстранување на вишок на нечистотија од површината на платното на медаљоните

               Првин се започна со  суво чистење, а потоа се пристапи кон хемискиот начин на чистење. Сувото чистење е применливо со четка или сунѓер, со цел да се отстрани нечистотијата од површината на насликато платно од медаљонот. Доколку е стабилна состојбата на боениот слој, етапно се пристапува кон хемискиот начин на отстранување на вишокот од нечистотијата, првин со дестилирана вода, а потоа со 5% раствор од калиев сапун. Оваа метода е применлива и во пристапот на чистење на живописот, зависно од неговата состојба на зачуваност. Со цел да се отстрани темелната маснотија и сапунификација се превзема неутрализација со 5% раствор од дестилирана вода и алкохол (медицинска намена од 96%). Овој зафат е спроведен успешно без никакво оштештување ниту пак нарушување на боениот слој на медаљоните, но и на целосната комплекност на наслината композиција на медаљоните.

Избор за нов блинд рам и поставување на платното од медаљоните

                Со завршната фаза на чистење на боената површина на медаљонот, етапно се оди кон избор на нов носач на платното, односно на избор на нов блинд рам на кој ќе се оптегне платното од медаљонот. Се со цел да се запази неговиот облик, се изработува кружен блинд рам во ширина од 5 см и дебелина од 1 см.  кои ќе ја покријата разликата во навидум аверсносто и реверсното решение од композицијата медаљонот. Добронамерно се одбира лесно обработлива дрвена рамка од едно парче без составување, која нема да добие на тежина и цврсто ќе го држи во опсег оптегнатото платно без понатамошни девијации, во искривување и кршење, како што беше примерот со првичниот носач на платното.

             За изработка на нов блинд рам, ќе се искористи предноста на класичниот избор на оптегнување на сликарско платно како што е предвидено во проблематиката и дисциплината на сликарската техника и технологија на материјали. Со што ќе се добие естетски изглед на самиот медаљон и нивелација во дистинкцијата на обостраноста на медаљонот. Платното од медаљонот класично го следи примерот на оптегнување на блинд рам со захефтување на платното и аплицирање на столарско лепило при самото спојување и налепување на блинд рам од едната и од другата страна. Столарското лепило е чест избор на материјал кој најчесто се употребува како полнител или врзиво кај дрвените предмети, во овој случај е блинд рам на медаљоните. Со овој метод блинд рам на медаљоните се здобива со дебелина од 2 см и измерена тежина од 2 кг, на секој од нив.

Консолидација, исполнување на лакуните, опшивки и китирање

               Поради добрата прегледност на оптегнатото обострано насликано платно на медаљонот полесно се совладува понатамошниот реставраторски зафат на исполнување на лакуните, местото каде што е отпаднат боениот слој. Деструктивноста е проследена со страпо оштетување, која настанало со тековното запуштање на континуитетот на одржливоста на медаљоните. Исполнување на лакуните е изведена со калциумски раствор на креда и неколку капки на ленено масло, со нанос на шпатула кое всушност во практичната намена служи како интонако или подлога за сликање. На оние места каде што недостасува парче платно од медаљонот се аплицира идентичен материјал на ленено платно и истото се прилепува со насликаното платно од медаљонот. Осетливоста на платното од медаљонот не дозволување т.н. шиење на платно едно со друго, при кое лесно се оделуваат нитките од потките едни од други, затоа се пристапи кон методот на прилепување и спојување на самите оделени парчиња со медицинска газа и лепило од 10% поливенил ацетат. Споените места последователно се исполнуваат со мал површински нанос на сликарски кит кој истиот е применет за пополнување на лакуните. Откако целосната површина од медаљонот се нивелира и полира, се пристапува кон методот на сликарскиот ретуш, со цел исполнување на естескиот излед на медаљоните.

Реставраторски ретуш

          Температа е чест  избор за сликарскиот ретуш во поголем дел на реставраторската метода и практика, каде што по потреба се компонира во комбинација со емулзија. Во овој случај е водена емулзија со мал додаоток на неколку капки по потреба од лененото масло, со цел за еластилност на боите и да не се изгуби звучноста и сјајот. Како заштитен лак за сликарскиот ретуш се нанесе раствор од 5% поливенил акрилат, концолидант и стабилизатор на рествраторскиот ретуш.

           Откако успешно е спроведен методот на конзервација и реставрација, во понатамошната интерпретативна дејност медаљоните се подготвени за враќање и поставување во ентериерниот простор, под лациците во црквата, како што и биле првично поставени. Формата на елипсата од медаљонот во која е насликано Воскресението Христово ќе го заземе централното поставување над самиот олтар, додека пак 8 те медаљони ќе го следат во опкружување, поставени лево и десно, односно северно и јжно од ѕидот по 4 медаљони на Серафими.

Заклучен дел

Со постапната применета методологија на конзервацијата и реставрацијата функционално овозможува откривање на творечкиот опус на зографите, а истовремено ја истакнува и нивната афирмативна улога во зачувувањето на вредносниот интегритет. Истовремено се остварува еден интерактивен процес за зачувување и афирмација на континуитетот на творештвото на Дебарската школа на мајстори и зографи со кое се потврдува и богатството на македонското духовно и културно наследство од овој крај на Македонија.

Фотодокументација

Првична и затекната состојба
Првична и затекната состојба
Пример на половично исчистена површина од медаљонот
Пример на половично исчистена површина од медаљонот
Остатоци од состојбата на кружната дрвена рамка на една од медаљоните
Остатоци од состојбата на кружната дрвена рамка на една од медаљоните
Увид во состојбата на кружната дрвена рамка од медаљоните
Увид во состојбата на кружната дрвена рамка од медаљоните
Увид во состојбата на кружната дрвена рамка од медаљоните
Увид во состојбата на кружната дрвена рамка од медаљоните
Отстранување на нечистотијата од сликарската површината на медаљонот
Отстранување на нечистотијата од сликарската површината на медаљонот
Отпаднат дел на парче од платното од медаљонот и пропратно негово враќање на нов блинд рам
Отпаднат дел на парче од платното од медаљонот и пропратно негово враќање на нов блинд рам
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Отпаднат дел на парче од платното од медаљонот и пропратно негово враќање на нов блинд рам
Отпаднат дел на парче од платното од медаљонот и пропратно негово враќање на нов блинд рам
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Пример за реконструкција на парче од платно на медаљон и последователна нивелација на сликарскиот кит
Прилепување на дрвен рам еден со друг, формирајќи блинд рам за двостраниот медаљон
Прилепување на дрвен рам еден со друг, формирајќи блинд рам за двостраниот медаљон
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред зафат на реставрација и после реставрација
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат
Увид во состојбата пред и после реставраторскиот зафат