Василопита

Потребни состојки:

  • 1 300 гр. брашно
  • 1 ½ филџан растопен путер или маргарин
  • 1 ½ филџан шеќер
  • 1 ½ филџан млеко
  • 8 јајца
  • 3 кесички сув квасец
  • кора од еден лимон
  • кора од два портокали
  • сок од еден до два портокали
  • една мала лажичка сол
  • малку потпечени бадеми
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете го брашното, квасецот, кората од лимонот, портокалите и солта. Измешајте ги состојките. Потоа додадете ги стопениот путер, изматените јајца и малку од сокот од портокали. Измешајте ги состојките и започнете да го месите тестото. Ако тестото е премногу суво можете да додадете малку од сокот од портокали. Кога тестото ќе стане меко и еластично, ставете го пак во истиот сад, покријте го со чиста прекривка, и со уште една, подебела прекривка и оставете го на топло место да нарасне 2-3 часа. Од време – навреме надгледувајте дали тестото го зголемило својот волумен два пати повеќе. Кога тестото доволно ќе нарасне, месете го уште неколку минути и ставете го во намастена тркалезна тепсија. Тепсијата треба да биде малку поголема од тестото, за да има простор тестото да нарасне, а да не прелее преку краевите на садот. Немојте да заборавите да ставите во питата завиткана паричка во алуминиумска фолија. Кога по втор пат тестото ќе нарасне во тепсијата, можете да го украсите со бадеми. Нараснатото тесто премачкајте го со изматено јајце и печете ја питата на 180°С околу 1 час. Откако питата ќе се испече, оставете ја да се олади и попрскајте ја со шеќер во прав.