Василопита за 12 лица

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер
  • 400 гр. шеќер
  • 350 гр. бело брашно
  • 6 јајца
  • 2 лажички пециво
  • 250 мл. топло млеко (45°С)
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка свежо исцеден лимонов сок
  • 4 лажички искршени бадеми
  • 2 лажички шеќер

Начин на подготовка:

Претходно се загрева рерната на 180°С и питата се пече во тркалезна тепсија.

Во еден сад изматете го путерот и шеќерот сè додека смесата не стане пенеста. Додајте го брашното и мешајте додека смесата не почне да се двои и да станува растресита. Додадете ги јајцата едно по едно мешајќи добро после секое додадено јајце. Потоа ставете ги пецивото и млекото и измешајте добро. На крајот, додадете ги сокот од лимон и содата во тестото. Добро изматеното тесто, со паричката во тестото, истурете ги во намачканата тепсија.

Печете 20′, во претходно загреана рерна, извадете ја тепсијата, распрскајте две лажици шеќер и исечканите бадеми врз тестото и вратете ја питата во рерна и печете уште 20′-30′, сè додека питата не стане сунѓереста. Оставете ја питата да се олади десетина минути и послужете во чинии. Питата се служи топла, секој член од семејството добива парче, почнувајќи од најстарите. Оној кој што ќе ја најде паричката во своето парче, се смета дека ќе биде среќен цела година.