Исак Њутн (енг: Sir Isaac Newton 1642-1727), Еден од најголемите, најгенијалните научници на сите времиња. Роден е како недоносче во Англија, на Божик, во време на граѓанска војна, со мали изгледи да преживее, а сепак поживеал 84 години. Мајка му останала вдовица два месеци пред неговото раѓање. Со големи тешкотии бил изгледан и школуван.
Њутн дал голем придонес во физиката со сега познатите Њутнови закони, но исто така и во математиката и астрономијата. Најпознато научно дело му е „Математички принципи на природната философија“ (Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica), а од христијанските книги што ги
напишал, познати му се “Белешките на пророштвата од Даниел”. Иако бил длабоко побожен во христијанската вера, Њутн се спротивставил на царскиот декрет во образованието и науката да се вплеткува и Црквата. Конечно за него била направена отстапка да не мора да биде ракоположен од Англиканската црква за да предава математика и наука на Кралскиот колеџ. Иако морал постојано да се бори за признавање на своите научни откритија. Њутн е погребан со големи почести во Вестминстер Аби.
Познати христијански изјави на Њутн се следниве:
„Сите мои откритија беа резултат на молитва.”
„Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно.“
„Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!“
Натписот на гробот Њутнов
На гробот на славниот англиски математичар, физичар, астроном и философ Њутн, којшто го открил законот на гравитацијата и составот на светлината, стои следниов натпис:
„Тој со својата философија ја прославуваше Божјата семоќ, а со својот живот ја олицетворуваше евангелската простота“.