Еднаш, еден таксист чул на радиото од митрополијата снимка во која се велело дека митрополитот е во храмот и исповеда. Снимката била од пред 3 години. Чул и си рекол: „Митрополитот е во храмот? Да појдам да се исповедам“. Тој дојде попладнето, чукна на вратата од митрополијата и рече: „Слушнав на радио дека владиката е во храмот и исповеда, па, дојдов да се исповедам“. Ми кажаа, слегов долу и го прашав од каде дознал.
-Од радиото.
-Господи помилуј! Сигурно ги вртел станиците во таксито.
Дури и само на поминување покрај храмот, човек може да почувствува благоухание, да има некаква полза. Затоа ништо од храмот не треба да се изнесува и користи во домот. И еден обичен стол што стоел во храмот – готово, се смета за свештен предмет. Па, и килимот, правот од подот. Зошто е сето ова? Бидејќи сè во храмот станува сакрално, дури и мртвите материјални предмети.
Се сеќавате ли на житието на Св. Рафаил, кој во периодот на 1950-1960 се појавуваше во Митилини? Се случија мноштво чудеса додека да се исполни целата историја со Светиите (Св. Рафаил, Николај и Ирина). Во една прекрасна книга за нив се спомнуваат десетици луѓе на кои Светиите им се јавувале. Еве што му се случило на еден човек.
Кога си ја изградил куќата и го направил каминот, донел некој стар столб што го нашол надвор и го наместил врз каминот. Вечерта, тој видел како еден ѓакон ја отвора вратата, влегува и кади во неговиот дом. Еднаш, двапати, трипати, тој се уплашил, не знаел што се случува. Потоа му било откриено дека овој камен столб е од храм на манастир уништен пред 500 години.
Гледате, Господ се погрижил дури и за тој столб.
Еден старец на Света Гора-старецот Сава, којшто живееше во Капсала, многу познат подвижник, од поново време, кого светот не го знаеше и кој веќе се упокои, во една прилика ми раскажа што му се случило.

Каква благодарност затоа што ја зачувал хартиената икона и не ја изгорел.
Имаме многу такви примери – дури и со места кои некогаш, пред многу векови, биле храмови, а сега никој не знае за нив. Сигурно сте слушнале за она што се случуваше во селата во Мала Азија. Многу пати ми раскажуваа луѓе коишто живееле во тие села после малоазиската трагедија, кога Христијаните ги напуштиле своите домови. Турците-муслимани раскажувале дека слушаат пеење, гледаат светлини, чувствуваат благоухание затоа што таму претходно имало храм. Иако сега нема ништо, благодатта сепак останува. Бог го осветува Своето место, ја осветува дури и материјата што му ја принесуваме. А, колку повеќе пак човекот, којшто е образ и храм Божји.
За присутниот народ, кој очекува од Тебе голема и богата милост.
Ја очекуваме големата Божја милост, затоа што токму Божјата милост е она на што се надеваме, а не нашите дела. Ја очекуваме љубовта и милоста на Оној кој е богат и не е скржав како нас.
(Продолжува…)