Еднаш, прочуениот научник Њутн, го запрашале:
– Како е можно телата на мртвите, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?
На ова, прочуениот научник, наместо одговор, расфрлал железни отпадоци по земјата, а потоа ги запрашал своите соговорници:
– Кој може овие железни отпадоци да ги одвои од прашината и да ги состави?
Одговор не добил. Тогаш Њутн го зел магнетот и го доближил до расфрланите отпадоци од железо. Настанало раздвижување на честичките. Ситните железни отпадоци почнале да се фаќаат за магнетот, едни по други. Во правот не останала ниту една железна молекула. Тогаш, Њутн им рекол на присутните:
Оној, којшто му дал толкава сила на мртвиот метал, зарем нема да им даде сила и на нашите души кога ќе треба да се вратат во нивните сопствени тела?