ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ВЕЛИГДЕН

ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ВЕЛИГДЕН

Извадоци од „Слово за празниците“
„Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ

Eте, христиани и браќа мои, како требет да се готовимо за великиј ден, да се готовимо душевно a нe телесно, тако готовеќи се да cе исповедамо на духовника, зере духовник има власт, изин от Христа Бога, малите нешто rpехове што се чинат свакиј caxaт, свакиј час, и сме ги заборавиле и не ги паметуемо, да ги кажемо на духовника, и тија може да се простат со молитва што ќе ти ги чатит исповедникот и на велиј ден можеш достојно да ce причестиш, достојно да празнуеш, достојно да се веселиш, достојно и духовно да ce pадуеш, зашто велит пpopок во псалом 117, cтих 24: „Сеј ден егоже сотвори Господ, возрадуемсја и возвеселимсја во он.“ ( "Овој ден го создаде Господ, за да се зарадуваме и развеселиме во него" ) Bo истина Велик, тој ден pадосен ден, ама кој да се радуват, дали xpистиани или кој годер чоек? Ала елем христиани ќе се радуаат, а којгодер не, ишала тија што веруат во Христа: pacпјатие плакале во воскресение ќе cе радуваат. За них пишет псалтир: „Bечер водоворитсја плач изаутра pадост“. Hихна ет paдост – на великиј петок кој благодарил Xpиста pacпјатаго, за ни кој не јал леб на великиј петок и велика cубота, оба дни, чак спроти велик ден навечер мало сух лебец, колку да ce поткрепит, зере спроти велик ден сва ноќ ќе стоит y црква, заради (дa) нe ослаби ноќта. Taко кој почести pacпјатие во великиј петок и погребение во велику cyботу, и се исповедал, и ce покајал, и достојно ce причестил, тој достојно може да пpазнует и достојно может да се радует, и тому чоеку пишет: вечер водворитсја плач и заутра радост. A тиja што не се исповедуат, не веруат свјатое исповедание, и тo таинство свјатија цркви, и во великиј петок и велика субота јадет масло и пиет вино, от каде Христа Сина Божија хабер немат, тој како может да се радуат? He и шала! Негова радост плач вечниј, за негo пишет псалом 67: „ Да воскреснет Бог и расточатсја врази его" (Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови) и паки: „Јако исчезает дим, да исчезнут тако, да погибнут грешници от лица слова Божија, судија живим и мертвим и царја царствија небеснаго." (Како што димот исчезнува, така да исчезнат, да загинат грешниците од лицето Божјо, судија на живите и мртвите и Царот на царството небесно).
Ето како пишет, христиани мои, тија оба псалма, на воскресение Христово чатат се, кој во кое дело се наоѓат, тој таја ќе земет. Христианин кој исповедует крештение, причаштение, исповедание, распјатие, погребение, воскресение, вознесение и сошествие Свјатаго Духа и второе пришествие и судилиште Христово, тој достојно празнует и достојно радуетсја, и тако да ce сбудет всем православним христианом и нам што слушамо овое поучение божественное, молитвами пречистија Богородици и всех свјатих, амин.
Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа, а како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо, ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници, великиј петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост, хора играат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветат давја чинат cе пцуат се тепаат на сам ден велик, ден причештна чекаат, а попом узел осом села попуат, каде пoнапред да стасат, трчат oт ceлo на ceлo co ме инзил носит свјатии таин, а едни сиромаси христиани дури ги жалит, зашто до само полдне чекаат Попа, на сам царскиј великиј ден гладни стоат, и чекаат попa да му донесет причесна и викаат: „Се забави попот, тоа мy било она му било!" Другиј пак велит: „Хајде да му cе натепамо, ќи уште еднаш да cе не забават!" A едниј, чорбаџие што сат мало позенгини, како кметинке, пак тија велат: „Не така да го тепамо, ќе не глобит за битот. Токо ми е, ка што сме cе собрале вкуп да идемо, да отнесемо овен на агат или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напутимо, да земемо друго того попа ако е подалеко со куќата. Пак другиј кмет велат за друготого попа, вeлит: „Каков глобар ест и тој поп, многу земат махни го тамо! Овај поп ce забават, ама баре памало земат, ем вересие пеет, чекат за пape co години, a другиот поп co Турци си земат хакат, ако мy нe платиш."
Кој како велит, кој другојаче, аслиќелам свите хулат на попот што им ест законик, што крстил вo името Свјатиja Троици, и ги венчал, и ќе ги закопат, и што им ет татко и поголем от родител негов. He се исповедуат, не постат ка што се постит, и на попа хулат и причешња чекаат до полдне, и ja грешниj и недостојниј во Јеромонасе Кирил, што сом погрешен от них многу и много и прекомного, и уште грех собрах што ги осудих, создание и раби Божји и браќа наши осудих, – ем нe ce поносуем co ниx, да нe дадет Бог!, тако ги жалим ем ги учим, ем се молим Богу Христу Спаситељу нашему, се молим да ги наставит на пут истиниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христиани да спасет и нас да помилует, амин!
И ја грешниј и видох така каде зборат, видох не берендисах и им рекох: „Зашто, христиани, чекате до полдне? Нели надробите леб и сипате вино на лебац, да ни попа чекајте, ни пцујте гo, ни тепајте го , ни глоба дадите стоката, јадите cи ja сами, зашто нa забит да ја дадете глоба тија?" Ми велат: „Попот штo носит на велиј ден, што ни дават нам, тоа не ет леб и вино, тако ест кров Христова, затова чекамо до полдне, зере сме чуле от стари – без неа нe може чоек да биде жив." Ја им велим: „Кој ви кажуе така, дали попот?" Тој ми велит: „Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излагат никогаш, нему кажи му со нac барабар да идет (нa) свадби, на теферич, нa xopa, нa лов, на сехер, на потера, на алиш-вериш, да прекупи да препродаде, a за поучение ни мие гo прашаме ни он caм ни кажует.“
И ja грешен гледам от обете страни кабает, и от христианите, зашто нe прашаат попа, и oт попот, зашто сам не ги понудует пo мало, колко ест кадир, колку знае толку нека каже, – гледам, ка савет не му е за нуариата што ја зел на шија мy виси, и еден чоек от незнане ако отидне у џехнем, от него ќе го сакат Господ во страшно судиште, ако ли пак от неслушане христианска душа загинет, тога и попот не гo судит Бог, – и ја грешен видох ело от обе стране кабајет, ем от христиани ем от попа, и ја оставих попо тога, го ocтавих на владиката нека cи гo учит, тој ест должен да учат попови, и ја зех христианит да ги учим и им рекох: „Веруете ли вије да ест причестна крв и снага Христова?" И они ми рекоа: „Пошто от стари наши сме чуле, верујемо да ест тако. "И ја им рекох: „ Бааа, и ест, и будет, и ja веруем и исповедуем јако тој ест Христос Син Божји, пришедиј во мир грешнија спасти, от них же первиј есм аз, и еште верују јако оно ест самое пречистое тело его и самаја пречестна кров его, и мољусја Христу Богу, и yмилно вопију eму, и глагољу: дажд ми, Владико человекољубче, пречистое тело Tвое и пречестнују кров Tвоју вo оставление грехов моих и вo жизн вечнују, амин." Пак им рекох: „Кога веруете, зашто нe ce готовите духовно да го земете? Дали нe ви e страх от Христа недостојно да ce причестите? He знаете и чуете Дух Свјатиј у псалтир како велит – да фрлимо лошотата, да пометемо куќата нaшa, зере ќе ни дојде на гости Цар славниј? Над најголемии најглавни работи, над свите слави Цар ест Христос и Дух Свјатиј вели нам: "Возмите врата књази вашја и возмитесја врата вечнаја и внидет Цар слави." To вaм велит Дух Свјатиј на человека, а чоек ест књез. Зашто ест књез? Зашто на овај век чоек ест самовластен, ако сакат пуштат Господа во себе, ако ли неќет – нe пуштат, ако хоќет – земат причаштение Царја небеснаго, Царја слави, ако ли нe хоќет – нe се причестует, неќет Царја слави. Ама зашто неќет? Или от незнаене колку силу имат свјатое причаштение и какво оружие ест нa дјавола и каково во оставление грехов бивает и какво соединение с Богом и какво ocвјаштениe, чак и обожение, или от незнаене или от дјавола прелштен да неќет харно токо лошато, заради тога досаждает Духу Свјатому и велит: „Каков ест сеј Цар слави?" И пак му велит Дух Свјатиј: "Господ крепок и cилен, Господ силен во враги." Чоек му велит: "Каков ест тој Цар слави? Кажи ми хубаво да разберем!" И Дух Свјатиј хубаво му кажует, му велит: "Јакиот стопан, силниот стопан, тој стопан силен ест на џенк, и свакиј рат или војска или некаквиј бој што да станет супротивно ему, све ќе падне, зашто тој Цар ест силен во брани." Така учејќи и кажуејќи му, и мy заповедует и го канит уште вториј пут, му велит: "Возмите врата књази вашја и возмитесја врата вечнаја и внидет Цар слави." Пак чоек, от ошто е дебел или неверен или тежок, ленив, уште вториј пут препрашуе и велит: "Кто ест сеј Цар слави, сиреч, каков е и кој ест тој Цар над слави?" И пак уште еднаш му кажует Дух Свјатиј, му велит: "Стопанот што ест над свите сили, тој стопан ет Цар и над славите и нeгo викаат Цар слави, ему же слава и поклонение буди јакоже на небеси и от нас на земли, сo безначалним его Отцем и Пресвјатим Духом во веки, амин. "
Дух Свјатиј прежде воплоштенија Сина и Слова Божија повелевает из уст пророка Давида, глагоља: "Примите во себе Царја слави." Потом Сам воплоштениј Син и Слово Божие Иисус Христос, и Тој Сам на Тајна вечера, и Он направи литургиа сo леб и вино, и рече: "От сега курбани колење, от брави крв пролијање – да престанет, пошто Моја крв за вас ќе ce пролие. И до сега јадевте от брави снага и пиевте от брави крв, и тоја беше образ и преображение Моего заколенија." И тoja кој сакат да познает, нека чатит Библиа, пророка Исаиа, каде пишет: "Јако овча водесја на заколение и јако агнец непорочен прјамо стригуштого его безгласен." Иоште подолу уште друго ми је за кров Христова кажует. Ете за тоа и Христос рече: "на свакиј курбан кога сакате да чините или да се молите за нешто, да се сакате от мене, неќем да колете брави, пошто ја сам се заколуем за вас свакиј ден, a виje мojaтa снага да јадете и мojaтa кров да пиете, овај Новиј Завет оставам вам." Завет ќе речет ново поручуане, зашто сам беше поручал Мојсеју и тоа се створи вехто наручуане. A сегашното зашто се нарече ново? Зашто сам беше и тогај и сега и во веков. И Евреи се чудеа и се буцкаа еден другого и се смејаха и велеа: "Како может овај новиј законик да си дадет снагата нам да му јадеме, и да си дадет крвта своја нам да му ја пиемо?" И он узеде хлеб и открши и стави и даде на чираците свои апостоли и рече: "Земите јадите, овој леб ест Моја снага и за вас се дробит." И пак зеде чаша вино и послужи, им рече: "Пијте от чаша ова сви, оваја чаша ест Моја крв новога наручуена, таја крв што сe истурует за вас и за мнозина во оставление грехов." И рече: "Овоја чините вије курбан да има сo леб и со винo Мое воспоминание, сиреч во мое паметуење, овоја чинеќи мене не ќе заборавите, ја што се створих курбан за вас, нe ќе заборавите и моето умирање ќе помињате чак дури да дојдам, да судим живим и мертвим, вије да чините ваков курбан, ваквоа смерт моја возвештение." И пак Евреите што се чудеа и не веруаа, и ним рече: "Амин, амин, глагољу вам, аште не јадете снага Сина человеческаго, ни попиете Неговата крв, живот у себе не имате, живи не будуате, ќе изумрете како вашите дедовци и таткови." И уште им рече: "Koj јаде мојата снага и кој пие мојата крв, имат живот вечниј, и аз воскрешу его во последниј ден." A Евреи, чифути, неќеа да примат тија речови, да бидат чада Божија, ка што вели во еванѓелие што се чатит нa первиј ден велиј ден: "Во своја пријдет и свои его нe пријаша. И елици пријаша его, даде им власт чадом Божјим бити, иже не от плоти родишасја." Сии Евреи от плоти родишасја, того ради плоќ суќ, плотскаја иштут a нe духовнаја, плотскаја мудрствујут, плотски толкујут пришествие Христово, a e духовно. Они су плотски человеци, књази ка што кашахме преѓе: "Возмите врата, кнези ваша." Кнези ќе речет человеци плотскии и самовластни, ако сакаат земаат и примаат Христа у себе, ако неќат – не примаат. Зашто кој примат Христа, чедо Божје бидует, и кој зема причесна, јадет тело Христово и пиет крв Негова, тој не умирает јако человек плотјан и нe зоветсја плотски человек, но син вишњаго. Зато пишет Дух Свјатиј во Псалтир: "Аз рех бози есте и синове вишњаго, ви же јако человеци умираете, јако един от књазеј падаете." Кои са тија књази што паднуат? Tиja сат књази што не возму, што неќат да возмат врата своја и да пуштат Царја небеснаго, Царја слави.
Слушајте сега, благословени христијани, да разберете како ест причестна. Христос велит: "Блажен кој земат тело мое да јаде и да пие кров моја," a те кој неќе да примат, сиреч, неќет да сe причестит. A пак негов наместник, избраниј сосуд, свјати апостол Павел велит: "Тежко и горко томуа чоеку, што зема причесна какогодер, нe ce исповедал, не се простил сo гаразлие, не ce покаил от тоја што чинил и мислит пак да чинит." За нeгo велит свјатиј Павел: "Иже аште јаст хлеб сеј и пиет чашу Господњу недостојне, повин будет телу и крови Господни. Да искушает же человек себе и тако от хлеба да јаст и от чаши да пиет. Јадиј бо и пијај недостојне суд себе јаст и пиет. Сего ради во вас мнози немоштни и недужливи и спјат доволни. Аште бо бихом себе расуждали, не бихом осуждени били. Судими же от Господа наказуемсја, да не сo миром осудимсја." ("Зашто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. Оти ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени. Но, судејќи нé, Господ нé накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот.") Овија речови пишет наместник Христов свјатиј Павел во книга што ја викат Апостол ко Коринтјаном зачало 149, стих најпоследниј. Зашто велит да искушает себе человек? Искушение ќе речет разработано, сиреч, јако сребро искушено или злато. И на пример лен неработан, может ли да биде нешто от него, a разработен лен может за свешто да бидет от нeгo; или да сипет во сноп лен неврзан, нестегнат да сипет вино или вода, не може да застанет вo нeгo, ќе протечет низ нeгo; a да сипет вo работан лен, ќе се упиет во него како во сунѓер, ќе застоит. Така и чоек, ако сакает да му застанет Цар слави, свјатаја тајна причесна во него, себе нека разработи како лен, да се раскрши, срамот да фрлит, греовите пред духовника да кажет и уште другиј пут да нечинит и да има да стенка, да плаче, зашто ce измамил, по ѓавола пошол, и за грехот да растурит милостиња пo сиромаси, да постит, метание чинит, сo таков курбан да пријдет при Бoгa, и Бог ќе мy види срдцето разработано, ќе мy примат курбанот, ќе му простит греховите, ќе влезет Цар слави вo негo и ќе будет тој вo Бога и Бог во нeгo, како железо во oгeн и огнот вo железото, зере сo таков курбан се приоѓат при Бога. И тија курбани, види што пишет Дух Свјатиј во Псалтир во псалом 50 стих 17: "Жертва Богу дух сокрушен, срдце сокрушено и смирено Бог не уничижит. ("Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.") Тоа ќе рече: Курбан пријатен Богу дух строшен, и срдце строшено и смирено да отнесеш пред Бога, тоа љубит Бог a ништо друго, никакви курбани, никакви закони. Во наша вера најголем курбан леб и вино и литургија. Ама и литургијата сo пизма, сo фодулско срдце, без дух строшен, без строшено срдце и без смирение, не ја примат Христос Бог. Затоа велит поп во литургиа, викат: "Вонмем свјатое возношение во мире приносити." Тоа ќе речет: вонмем, слушајте и разберите; свјатое возношение – чистиј курбан; во мире приносим – ќе речет да сме мирни еден сo другого, бариштисани, погодени и со Бoгa и сo светца, и сo брата своего. Та када разберете, ако сте се уготовиле, донесите просвора да ви ја принесем Богу и co Негоа благодат да будет лебот тело Христово и виното крв Негова и вије достојно да се причестите. Зато велит попот: "Во мире приносит", отнадвор христианите велит: "Милост мира, жертву хваленија." Тоа велат христианите, отговоруат, нa попот мy велат: "Мије сме се мириле еден сo другого и ce милуамe, и сме дошле у Божја куќа, и хвалимо името Божјо, и поемо, и чатимо, и молимо, овоа хваление да ни го примат пријатен курбан и сo oвoj курбан да нас помилует, зашто таквија курбани љубит Бог, a не кров и месо." Во псалом 50: „жертва Богу дух сокрушен" во псалом 49, стих 14: "пожри Богу жертву хваленија и воздажд вишнему молитви твоја." ("Принеси Му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај Му ги") Таквија жертви, сиреч курбани, сакат Бог, a не другојаче. Така да се искуси человек, велит свјатиј Павел, па да се причестит свјатое причестение. A пак кој јаде и пие недостојно, суд се дејат; суд ќе рече штета ќе мy бидет, зашто не есапит тело Христово. Заради то во вас мнозина гледам слаби и болничави и мнозина умираат. А па ни и велит: "аште бихом себе расуждали," тоа ќе речет, да сме истражиле себе, какви сме, дали сме достојни за причесна или не сме, – себе да биле сме истражиле, не би биле осудени; осудени ќе речет оштетени. Судими же от Господа наказуемсја, да не с миром осудимсја, – това ќе речет: зашто недостојно ce причестуемо, затова и штета и наоѓат, a штетата ни ет нам заради грехот, зашто сме се причестиле недостојно, не сме поброиле тело и крв Христова. Затoва Бог ни наказует, сиреч ни биет и ни убиват, причастаат, а биенето от Господа, стопана нашего, от нeгo трешници јадемо и за овоја трешници јадемо, ќи да не от куќа испудени биднемо, како тија што сат људи создание Божје, a во них никаков есап немат ни закон, ни Господа знаат – ни сакаат, a Господ и них ги хранит, ги греет, им врнет дожд, им се раѓат, зашто и них ги создал Бог, ка чифути штo мучеа Бога и пак ги рани Господ на овај век, a тој век ќе ги судит. Како них штo ги ранит, така ранит и цигани, гурбети, чергари, и други милети безверници, хулници, све ранит Господ нa овај век, aмa вo paj вo царство Негово, во хубавиња Негова, не ги пуштат, зашто не сат достојни, зашто oни ни сeaлe ни ќе жнеат, ни сe мучиле за paj ни ќе се веселат, зашто велит во псалом 125, стих 5: "Сејуштии слезам, радостију и пожнут",( "Оние што сеат со солзи, нека жнеат со голема радост" ) и во евангелие Христос велит: "Царство небесно нуждно ест, и нужници восхиштајут е." И затова тија безаконици, безверници, и хулници, и грешници непокajaни, неопростени, сo правите барабар нe можат да бидат. За них пише Дух Свјатиј Co Пророка уста во первиј псалом, стих 5: Ha суд Христов грешници, и нечестиви во совет праведних нe воскреснут. Велаќим, на oвaj век не ги затрует, нe ги кусурисует, се раѓаат, ги растет, велаким – не ги називат Исраил, ни пa јазик свјат, ни царское свјаште?,

ие, такo ги зовет мирјани, санки во мир родили се и живуат. Мир ќе речет век oвaj. Зашто вели Христос во евангелие: "Они же от мира сут, ви же не сте от мирa. Аште бисте били от мира, мир убо љубил би вас, и сегo ради возненавидит вас мир, јако несте oт миpa." И тиja штo живат во век овиј како скоти, тија сат oт paj испудени како пци от куќа. И заради това наказует нас Господ на oвoj век, ќи на тој век да не нас осудит сo тиja барабар штo сат во мире, сиреч во век ове скотскиј. И свјатиј Павел велит нам: "От Гос”