„Нека ве гонат, но вие не гонете ги другите. Нека ве распнуваат, но вие не распнувајте ги другите. Нека ве навредуваат, но вие не навредувајте ги другите. Нека ве клеветат, но вие не клеветете ги другите… Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат. Тоа е знакот на чистотата. Страдајте со болните. Тагувајте со грешните. Воскликнете со оние кои се каат. И секому бидете пријатели. Но, во духот останете осамени… Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го. И доколку не можете да ја превземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност.“
†††
Кога во човековиот ум пламти сеќавањето на Бога, тогаш и срцето негово се разгорува со огнот на љубовта Божја, а неговите очи постануваат вруток на обилен плач. Човекот кој се наоѓа во ваква состојба никогаш не е без солзи, оти тоа што го тера постојано да се сеќава на Бога секогаш врие во него. Таквиот човек разговара со Бога дури и кога спие. Зошто љубовта потребува сé да биде вака. Тоа е совршенството кое започнува уште во овој живот. Оној кој ја стекнал љубовта, Го вкусува Христос секој ден и секој час, со што постанува бесмртен. Љубовта е многу послатка од животот. Оној кој се здобил со љубовта се облекува во самиот Бог.