Си беше еден човек познат по својата смиреност и љубов према сé на светот. Секоја работа што ќе ја започнеше, му успеваше одлично. Сите го почитуваа и често доаѓаа кај него за совет.
Еднаш кај него дојде еден сосед кој му љубомореше за сé и кој беше препотентен и горделив.
–Имам сé во животот! – му рече соседот на почитуваниот човек. – Живеам во потполна благосостојба. Но, тебе повеќе те почитуваат во градот отколку мене. По твое мислење, на кого ти личам јас?
Мудриот човек се насмеа и рече:
Ми личиш на Бог.
Љубоморниот сосед задоволно се насмеа. Но, посака да му направи некоја гадост на пријателот и затоа извика:
Ти мене ми изгледаш како ѓубре! Не разбирам зошто сите во градов те почитуваат!
Мудриот човек не одговори ништо, само се насмевна.
Тоа го налути соседот уште повеќе, па го запраша:
Зошто не се навреди на моите зборови, бидејќи ти ме нарече Бог, а јас тебе ѓубре?
– А, зошто би се навредил? – одговори мудриот човек. – Кој во себе Го спознал Бог, тој Го гледа и во другите. А, тој кој е полн со нечистотија, секој човек го гледа како ѓубре.
Поука: Човек го гледа во соговорникот тоа што се наоѓа во него самиот.
Извор: Попара