Вести

Празникот „Пречиста“ прославен со духовна убавина во Манастирот „Пречиста“

Кога Мајката ќе ги рашири своите прегратки и ќе ги повика своите чеда, нема верно срце кое нема да се одговори на тој нејзин повик. Колку и да одземаат време световните обврски, колку и да го одвлекуваат вниманието световните грижи, сепак, привлечната сила на тоа мајчинско срце кое љуби е посилна од сите нив. И…

Божикни пештери за секој христијански дом

Во пресрет на големото и светло празнување на Божиќ – моментот кога Божествениот Младенец ја осветлува земјата, раѓајќи се во скромна пештера за да ни ја донесе неизмерната радост на спасението, нашите домови се повикани да блеснат со традиционален празничен украс.Нека во секое семејно катче и оваа година засветли Витлеемската пештера, како силно сведоштво за…

Молитвен спомен за дедо Тимотеј на годишнината од неговото упокојување

Со синовска љубов и со благодарствено сеќавање, денеска, на споменот на нашиот отец меѓу светиите, Јован Милостив, патријарх Александриски, нашето братство, собрано околу својот Старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, молитвено си спомна за својот некогашен архипастир, блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, на првата годишнина од неговото преселување во вечноста. Со љубов и со благодарност кон воскресителот…

Прва крводарителска акција во Бигорски

Со благодарност и љубов кон животодарителот Бог, известуваме дека денешната крводарителска акција во нашиот свештен манастир, под мотото „Подари капка живот“, беше успешно и благословено сведоштво на човекољубие и солидарност. Овој хуман чин, реализиран со благослов на нашиот сакан Старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, и организиран во соработка со Црвениот крст на Република Северна…

Собор на светиот архангел Михаил и на сите небесни бестелесни сили

Во таинствениот блесок на денешниот празник – сечесниот Собор на светиот архангел Михаил и на сите небесни бесплотни сили – Црквата Божја повторно нè повикува да го кренеме погледот од земното и да го насочиме кон височините, кон оние огнени служители коишто непрестајно Му служат на Бога и го чуваат од зло родот човечки. Денешниот…

Учество на манастирот Рајчица на реномирана Меѓународна конференција во Виена

Меѓународната конференција во Виена, насловена како „Заздравување на ранетите сеќавања: Одговорноста на црквите да лекуваат“, заврши викендов со повик за посилно вмрежување и поинтензивна локална, регионална и меѓународна соработка меѓу црквите и социо-политичките актери. Конференцијата, која се одржа од 13 до 16 ноември, воедно го означи и крајот на истоимениот проект инициран од фондацијата PRO…