Каков треба да бидеш!

Една мајка имаше син единец па го испрати во далечна земја да спечали пари. Осамен таму, во туѓина, синот ѝ напиша писмо на мајката со молба да му испрати нешто за спомен. Мајката завитка три предмети во платно, секој одделно, и му ги испрати на синот. Кога синот го одвитка првото платно, внатре имаше огледало, под кое мајка му напишала:

– Сине, огледај се каков си!

Кога го одвиткал второто, внатре најде слика од мртовечка глава, а по неа го прочита мајчиниот ракопис:

– Сине, гледај каков ќе бидеш!

Во третото платно тој ја откри иконата на Свети Георгиј како на коњ го убива змејот, а на дното од иконата мајкините зборови:

– Гледај сине, каков треба да бидеш!

Синот многу се зачуди, препознавајќи ја во испратените предмети мудрата духовна поука на својата мила мајка, да внимава да не си ја изгуби душата во далечната туѓина.