Камчиња во водата

Едно детенце си играло близу брегот со своето ново бротче, кое му го купил таткото. Благото ветре почнало да го влече бротчето кон отворено море. Гледајќи како исчезнува во далечината неговата убава играчка, малечкото почнало да плаче. Таткото, кој бил во близина, веднаш притрчал да му помогне на детето. И што можел да направи? Почнал со камчиња да го гаѓа бротчето. Во тој момент малечкото почнало уште посилно да плаче и да му се лути на таткото.

„Немој, ќе го потонеш!“ викало тоа.

Меѓутоа таткото знаел што прави. Фрлал камчиња пред бротчето, за брановите да го вратат до брегот. После поприличен број фрлени камчиња бротчето се вратило. Малечкото дури тогаш го разбрало својот татко.

Колку луѓе, деца на небесниот Отец, не го прифаќаат каменувањето пред бротчето на својот живот! Тоа каменување ги претставува страдањата, искушенијата, болестите, смртта. И што се случува? Почнува жалење, плач на детето. Но, кога однапред би го знаеле резултатот, не би плачеле, не би жалеле.
Затоа однапред познајте дека ова и ваквото каменување е испратено со добра намера и со љубов Божја.