Храм сум недостоен

Храм сум недостоен, срцево ми е олтар, а во него е Христос;

Устата недостојна ми е певница, со неа деноноќно славословија Му редам на мојот Спасител;

Очите ми се псалтири, низ нив недостојните, влегува мудроста Божја, таму се прелева;

Ушите ми се пространство каде постојано трепери Името Господово;

Низ вените чекори Светата причест, оттаму безусловно ме радува;

Јас сум најнедостојното место во кое Христос влезе, од мене храм си изгради;

Да го велича срцето недостојно мое Името Господово во веки, душата бедна ми е врата на Црквата Господова, низ неа Христос поминува;

Срцето бедно ми е олтар, во него е престолот Божји, самиот Цар го чува, Христос е чуварот на мојот и Својот храм, Тој е мојот Господар.