Таму каде што си погрешил, таму да се покаеш, таму да се поправиш.
Св. Ефрем Катунакиски
Се каеме ли за лагите и за преварите?
Се смиривме ли со братот и ближниот?
Се каеме ли за крадењето и за откраднувањето?
Се каеме ли за кратењето на работничката плата и заработка?
Се каеме ли за навредите кои ги нанесуваме?
Се каеме ли за ожалостувањата кои ги правиме?
Се каеме ли за непослушноста?
Се каеме ли за благословот што не го бараме?
Се каеме ли за абортусите?
Се каеме ли што сме горди, мрзеливи и алчни?
Се каеме ли за неверствата?
Се каеме ли што заборавивме на молитвата?
Се каеме ли што станавме како изгонетите Адам и Ева?
Се каеме ли што заборавивме на душата своја?
Се каеме ли што заборавивме на ликот свој?
Она што сме си го расипале, треба да си го поправиме…
За да живееме во Христа.
Христос се роди!