Та и темјанот треба да се изгори, за да замириса и да покади
И од последното да почнеме, првото ќе го достигнеме … и со очи затворени, слепи, Него ќе Го видиме … цела екумена да воскликне, на Неговото ќе дојдеме, кон Неговото ќе пристапиме … светот да го превртиме, на Исток ќе се свртиме … на илјада делови да е разделен, повторно Него ќе Го распнеме …
… и катаден Го распнуваме … и знаеме и не знаеме … и се каеме … и во Недела се каеме … дома повторно грешиме … со братот грешиме … Бога кај просјакот не Го бараме … во небеската шир погледи бледи упатуваме … со солза некогаш прогледуваме … да запостиме …
… во срцата, во душите, во умот да се задржиме, разумот и делата …
… затоа што брзо ќе помине … и пак во бело ќе се облечиме … топлината над гробот и смрта, повторно ќе загрее … Тој ќе нѐ озари, ќе нѐ прибере … мир и спокој низ ветерот ќе развее …
… ќе се насмееме, та со насмевка да започнеме … со насмевка да издржиме … и Тој со милост и насмевка ќе нѐ погледне … и прво да е и последно, да се изгориме за да разбереме, од кадилницата мирот да нѐ облее …
… Проштевајте и простено нека е …