Слова на архимандрит Партениј

Воскресението Христовото е реалност што се живее

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Света Пасха или мои, се собравме во ова сесвештено утро, за со воскресенска радост да го прославиме „овој наречен и свет Ден, прв од седмицата, цар и господар; Празник над празниците и торжество над торжествата“ – како што пее денес сета православна екумена. Воскресението Христово е темел, суштина…

Христос влегува во земниот Ерусалим за нас да нѐ возведе во небесниот

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, изговорено во манастирската трпезарија Денес, мили мои, нашиот Спасител Христос, праведен и со спасувачка сила, кроток, седнат на ослица и на младо осле, син на подјаремница (Зах. 9,9), влегува во светиот град Ерусалим. Неговите жители Го пречекуваат со славословието: Осана! Благословен…

Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во храмот по завршувањето на Умилителната вечерна на простувањето озљубени мои браќа, сестри и чеда, Вечерва имаме голема причина да Му благодариме на сештедриот Бог, што, еве, повторно нѐ доведе до ова душеспасително и благопријатно време на Великата Четириесетница, кога Црквата Божја нѐ повикува да оставиме зад себе…

Пред сѐ се викаме Христијани

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено на вечерната богослужба во чест на Свети Партениј Лампсакиски Навечерие на Недела сиропусна или мои, вашето присуство вечерва овде, како и љубовта со која зрачите, говори многу повеќе од секакво слово. Ви благодарам од длабочината на срцето што дојдовте денес заедно да го прославиме мојот небесен закрилник, Свети…

Да се разбудиме, да станеме и да се вратиме при нашиот Отец небесен

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, изговорено во Неделата на блудниот син, во манастирската трпезарија озната ни е добро на сите, мили мои, денешната парабола од Светото Евангелие - параболата за блудниот син. Во неа, на еден едноставен и сликовит, но во исто време и многу трогателен начин, ни е прикажано враќањето на грешниот човек…

Повикувај се на Божјата милост ако сакаш да се одржиш

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Неделата на митарот и фарисејот, изговорено во манастирската трпезарија Возљубени мои, ниедно друго зло, никаква друга болест не е толку смртоносно погубна за човекот колку омразената гордост, бидејќи имено преку гордоста влезе гревот во овој свет, а преку гревот - смртта. Впрочем и на небото зародишот на гревот…