Анри Фабр: Јас во Бога не верувам, јас Го гледам

Жан Анри Фабр (1823–1915)

Анри Фабр , славен француски ентомолог, научник кој го проучувал животот на инсектите, бил убеден христијанин и својата вера во Бога ја изразил во своите многубројни научни трудови, докажувајќи дека Бог постои. Еден свештеник кој ги читал неговите дела го запрашал научникот дали верува во Бога. А научникот, кој сакал да се пошегува со соговорникот, се насмевнал и му одговорил:

Не, отче, јас не верувам.

Како тоа! – извикал зачудено свештеникот, – не верувате во Бога, а во своите научни дела толку јасно докажувате дека Он постои?

Сè уште смешкајќи се, Фабр одговорил:

Јас во Бога не верувам, јас Го гледам.

 

 

И познатиот шведски ботаничар Лине (+1778) изјавувал дека во секој цвет го гледа Бога.


(Анри Морис, За пронаоѓањето на Бога, Париз, 1937)