Човекот и активностите

Човекот се закопува во активности. А токму тоа не смее да го направи. Човекот станува неспособен да ги набљудува работите во перспектива, да се оттргне од нив, да го отфрли од себе целиот метеж и безначајните работи што го преокупираат нашиот живот и можат да го растргнат нашето срце. Всушност, причината е истата онаа надменост која се обидува да ме убеди дека сè зависи од мене, дека сè е поврзано со мене. Тогаш ‘Јас’ ја исполнува целата реалност и падот почнува.

Основна грешка на современиот човек е поистоветувањето на животот со активностите, со мислењето и сл., поради што доаѓа до целосна неспособност човекот едноставно да живее, т.е. да чувствува, да цени, да го живее животот како непрестан дар. Одењето од железничката станица по светлината што потсетува на пролет, по дождот, гледањето, чувствувањето, свесноста за утринските сончеви зраци по ѕидот – тоа се реалните моменти на животот.

Не се само прости услови за активност, ниту за размислување, ниту се само една проста подлога – тоа се вистинските причини поради кои човек делува и размислува. Само во една таква реалност животот со Бога навистина се открива, а не во активностите или во мислите. Затоа Џулиен Грин е во право кога вели: „Сè е некаде на друго место“ – ,,Единствената вистина е во нишањето на голите гранки на небото“. Истото важи и за комуникацирањето. Човекот не комуницира преку расправии и разговори. Колку што е комуникацијата подлабока и порадосна, сè помалку се заснова на зборови.

Извадок од Дневникот:Сè е некаде на друго место