Достигнувањата, но и кризите во внатрешниот свет на современиот човек

Каков е современиот човек? Дали тој, ползувајќи ги современите принципи и технологии, постигнува значајни промени во надворешниот, но и во својот сопствен внатрешен свет? На ова прашање, многу импресивно одговара познатиот теолог Георгиј И. Мандзаридис:

„Брзиот развој на науката и технологијата во поново време отвори многу хоризонти, но истовремено формулира и нови етички и социолошки проблеми. Го олеснува приближувањето на глобално ниво, но истовремено го разрушува единството и општествениот живот. Човекот пројавува стремеж за да излезе надвор од тесните рамки на државата во едно светско глобално општество, а чувствува несигурност и криза на идентитетот; рапидно ги проширува своите достигнувања во микрокосмосот и макрокосмосот, бележејќи импресивни успеси, но остварува и страшна опасност, интервенирајќи во генетските кодови на билките и животните со стремеж овие свои интервенции да ги прошири и на себе самиот… Ја олеснува комуникацијата, но ја зголемува дезинформацијата; го отвора патот за нови искуства и ги ужива сите права и слободи, но сѐ помалку е среќен, спокоен и исполнет; сака слобода, а сѐ повеќе е роб на страстите и пороците. Постигнува големи успеси во борбата со тешките болести, но постојано генерира нови. Заштитнички го ограничува работното време, но истовремено ја зголемува невработеноста… Животот е сѐ повеќе загрозен, а стресот расне. На крај, со развојот на технологијата што ја лансира специјализацијата и поделбата на човечките активности, се засилува отуѓувањето и зголемувањето на веќе постоечката оддалеченост и расцеп меѓу луѓето“.