Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Има луѓе кои мислат дека Господ страдал за нас од љубов, но им изгледа како тоа да било одамна, бидејќи самите тие немаат љубов во себе. Меѓутоа, душата која ја спознала љубовта Божја преку Духот свети јасно чувствува дека Господ е наш Отец, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум, со сето срце, со сета душа, како што и ни заповедал, и ближните како себеси. Имајќи таква љубов душата на сè се радува, а кога ќе ја изгуби повеќе не наоѓа мир, збунувајќи се и обвинувајќи ги другите за нејзината несреќа. Таа не сака да разбере дека самата е виновна што ја изгубила љубовта кон Бога и го замразила и осудила братот.
Од љубовта кон братот доаѓа благодат во душата и со неа се чува. Ако не ги љубиме ближните, ниту благодатта Божја нема да се всели во нас.
Кога луѓето би ги исполнувале заповедите Христови, на земјата би било рај и сите со малку труд би имале во доволна мерка од сè што ни е неопходно. Духот Божји би живеел во душите наши, бидејќи тој Самиот ја бара душата човечка и сака да биде во неа. Ако Тој не се всели во нас, тоа е само заради гордоста на нашиот ум.
Извадок од книгата: Архимандрит Софрониј, Старец Силуан, Велес 2014, 396-397