† Проштално писмо †

† Проштално писмо †

Во простреланиот шинел на еден руски војник од Втората Светска војна, било најдено неговото проштално писмо, напишано не до блиските, туку до семоќниот Бог во Кого силно поверувал во претсмртниот час…

Чуј ме, Господи… Досега никогаш со Тебе не сум зборувал, но денес, сакам да Те поздравам.
Знаеш, кога бев дете ми велеа, дека Ти не постоиш. И јас будалата, поверував.
Никогаш не размислував за Твоите созданија. А еве, денес, оваа ноќ ги гледав…
Од кратерот издлабен од граната, во ѕвезденото небо над мене.
Одеднаш разбрав, восхитувајќи му се на светот, колку сурова може да биде измамата.
Не знам, Боже, ќе ми подадеш ли рака? Но јас ќе Ти кажам и Ти ќе ме разбереш:
Нели е чудно што среде ужасниов ад, одеднаш ми се откри Твојата светлина и Те познав?
И освен тоа немам што друго да кажам, само тоа, дека сум радосен што Те спознав.
На полноќ треба да одиме во напад, но не се плашам: Ти нѐ гледаш…
Еве сигнал… Во ред. Мора да одам.
Ми беше убаво со Тебе. И сакам да кажам, како што знаеш, битката ќе биде тешка, и можеби, уште оваа ноќ ќе се појавам на Твојата врата.
И …, иако до сега не Ти бев пријател, ќе ми дозволиш ли да влезам, кога ќе дојдам?
Изгледа, плачам. Боже мој, Ти гледаш, со мене се случи тоа – прогледав.
Прости ми, Боже мој, одам. Не верувам дека ќе се вратам.
Колку чудно, не се плашам повеќе од смртта.

† Рускиот оригинал на писмото †

Послушай, Бог… Ещё ни разу в жизни
С Тобой не говорил я, но сегодня
Мне хочется приветствовать Тебя.
Ты знаешь, с детских лет мне говорили,
Что нет Тебя. И я, дурак, поверил.
Твоих я никогда не созерцал творений.
И вот сегодня ночью я смотрел
Из кратера, что выбила граната,
На небо звёздное, что было надо мной.
Я понял вдруг, любуясь мирозданьем,
Каким жестоким может быть обман.
Не знаю, Боже, дашь ли Ты мне руку,
Но я Тебе скажу, и Ты меня поймёшь:
Не странно ль, что средь ужасающего ада
Мне вдруг открылся свет и я узнал Тебя?
А кроме этого мне нечего сказать,
Вот только, что я рад, что я Тебя узнал.
На полночь мы назначены в атаку,
Но мне не страшно: Ты на нас глядишь…
Сигнал. Ну что ж? Я должен отправляться.
Мне было хорошо с Тобой. Ещё хочу сказать,
Что, как Ты знаешь, битва будет злая,
И, может, ночью же к Тебе я постучусь.
И вот, хоть до сих пор Тебе я не был другом,
Позволишь ли Ты мне войти, когда приду?
Но, кажется, я плачу. Боже мой, Ты видишь,
Со мной случилось то, что нынче я прозрел.
Прощай, мой Бог, иду. И вряд ли уж вернусь.
Как странно, но теперь я смерти не боюсь.

www.pravoslavie.ru