Соломонови изреки 31( 10- 31)

Соломонови изреки 31( 10- 31)

Во книгата Соломонови изреки, од Светото писмо, на прекрасен начин една мајка како го поучува својот син со царско достоинство опишувајќи ја сликата на добродетелната жена велејќи:
Кој ќе најде жена добродетелна?
Таа е поскапоцена и од најскапоцените камења.
Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, таа нема да остане без добивка.
Таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
Набавува волна и лен и весело работи со рацете свои.
Таа е како трговски кораб – оддалеку си донесува храна.
Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа. Таа гледа колку е добро што работи и светилката нејзина не гасне ноќе.
Ги протега рацете кон фурката и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
Дланката своја му ја отвора на сиромав и раката своја на оној кој има нужда му ја подава.
Не се плаши од студ за челадта своја зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
Таа си ткае покривачи, од висон и пурпур е нејзината облека.
Мажот нејзин е познат кај портите кога седи со старешините на земјата.
Таа работи покривки и ги продава на Финикијците и појаси на Хананејците.
Здравје и убавина е нејзина облека и весело гледа на иднината.
Со мудрост ја отвора устата своја и кротка поука има на јазикот нејзин.
Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
Стануваат децата и ја ублажуваат – мажот и тој ја фали.
Многу добродетелни жени имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.
Миловидноста е примамлива и убавината суетна, но, жена која се плаши од Господа е достојна за пофалба.
Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце и нека се прославува при мажот нејзин при градските порти.