Кога бев млад сакав да го сменам светот. Но тоа беше тешко, па се обидов да го сменам својот народ. Кога, пак, видов дека не можам ни народот да си го сменам, почнав да се насочувам кон мојот град. Не можејќи да го сменам ни градот, сега веќе како постар човек, се обидов да ја променам мојата фамилија.
Веќе сум остарен и сега сфаќам дека сѐ што можев е да се сменам себе си и дека доколку пред многу години, кога бев млад, се сменев себе си, можеби ќе повлијаев да се смени и моето семејство. А можеби заедно со семејството ќе направевме промени и во градот. Влијанието од градот ќе го сменеше народот и така навистина ќе успеев да го сменам светот.