Синко, не откажувај му ја помошта на сиромавиот; не измачувај ги со долго чекање очите на неволните. Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне. Зашто, во жалоста на својата душа те преколнува; Оној Кој го создал – ќе ја послуша неговата молба. Доближи го твоето уво кон сиромавиот; одговарај му насмеано и со кротост. Да не биде твојата рака пружена за земање, а стегната за враќање. Заради Божјата заповед на сиромавиот помогни му; ако нешто му треба, со празни раце не оставај го. На ближниот помогни му колку што можеш, но внимавај и ти да не пропаднеш (Мудр. Сир. Гл. 4. 29).