Твојата реалност е огледало на твоите верувања

Не плаши се да се соочиш со темнината, зашто нема да ја видиш никогаш Светлината.  Тоа што го избегнуваш, ќе доминира во твојот живот.  Тоа што си го сокрил, ќе го среќаваш пред себе додека не го решиш. Осмели се да го видиш својот Ад, како што вели Свети Силуан.  Погледни ги своите трауми и рани, своите лаги и бегствата од она што те здоболело и те боли.  Христос е таму за да ја зајакне вистината што ја бараш, да те држи и зајакнува во исцелувањето на твоето битие.

Пред животните тешкотии се криеше, некогаш во парите и моќта, некогаш во алкохолот, коцкањето и опсесивниот секс, некогаш во модата и консумацијата. Една ти беше целта: да го успиеш тоа што те мачеше.  Но, кога спиеш за да не те боли, имаш кошмари.  Никогаш не заборавај го ова. Не се решаваат проблемите со егзистенцијална летаргија.

Затоа, разбуди се, воскресни, исправи се и чекори.  Остави ги мртвите гласови што се внатре во тебе и премини кон Светлината, кон Христос, остави ги мртвите верувања, мисли и реакции. Вежбај и научи нови начини да се справиш со она што те боли. Не ги успивај, не ги дрогирај и затишувај со тажни песни. Разбуди го животот внатре во тебе и научи дека кога еден човек го менува ставот кон она што се случува, полека-полека се менуваат и настаните.

Твојот живот ќе се промени кога ќе го промениш својот став кон него. Го предизвикуваш она што се случува, го создаваш, го привлекуваш и го доживуваш. Твојата реалност е огледало на твоите верувања. Го живееш она во што веруваш, се случува тоа што го предизвикуваш со своето најдлабоко јас.

Христос се спушта во Адот со цел да воскресне сè што е мртво и замрзнато внатре во тебе.  Дај Му ја раката да те извлече од гробот на твојот живот.