Бог е бесконечна љубов, бесконечна добрина и бесконечна праведност. Оној кој ја љуби добротата и праведноста, Го љуби и Бога, и Бог ќе го засака него како да Му е роден син.
Гревовите на другиот човек може да ги разобличува само оној што има срце полно со љубов.
Среќен е оној што научил да љуби. Немојте да мислите дека љубовта е вроден дар. Човекот треба да се учи да љуби; и ние сите треба да се трудиме во тоа.
Нема никаков успех во духовниот живот без жртва заради Господа и својот ближен. Без жртва нема да научиш да љубиш.
Бог не прима празни зборови. Бог ги љуби делата. Добрите дела не се ништо друго туку љубов. Живеј така што не само Бог да те сака, туку и сите луѓе. Нема поголемо од тоа.
Ако некој е болен и потребен му е лек, а лекот треба оддалеку да се донесе, притоа дури и низ опасности да се помине, и ти без размислување тргнеш на таков пат заради спасение на ближниот – тоа е највозвишен израз на љубов.
Во последните времиња луѓето ќе ги спаси љубовта, смирението и добрината. Добрината ќе им ги отвори вратите на рајот, смирението ќе ги внесе луѓето внатре, а љубовта ќе им Го покаже Бога. На земјата нема човек кој би можел во потполност да објасни што е љубовта. Додека си на земјата дури ни ти нема да можеш да ја сфатиш.