– Познавав еден човек што чувствуваше одбивност кон крстот – му рече еден монах на еден професор.
– Отпрвин ѝ забрани на својата сопруга да носи крст и да става дома икона од Распетие. Потоа започна да ги корне попатните крстови, бидејќи живееше во земја во којашто поставуваа распетија по патиштата. Во една прилика ја исекол целата жива ограда, бидејќи забележал дека стебленцата се никнати крстовидно. Кога си дошол дома, веќе бил целосно избезумен. Ги видел во својата куќа вкрстените греди и летви од кои е направен мебелот. Накратко, сите ги исекол на деланки…
– Навистина ли? – прашал професорот.
– Па не баш! – одговорил монахот, – тоа е само приказна. Приказна за таквите како вас. Отпрвин се откажувате од крстот, а потоа од сѐ на светот. Отпрвин имате одбивност кон сѐ што не е логично, а потоа едноставно мразите сѐ. Всушност, ништо во светот не е наполно потчинето на логиката.