Неуспехот на новата религија

Еден философ решил да го замени Христијанството со нова, од него измислена религија. Но, колку и да се трудел не успевал во тоа. Луѓето немале никаква желба да станат негови следбеници.

Тогаш тој отишол кај еден мудрец и му се пожалил за својот неуспех. Овој му рекол:

-Да, воведувањето на нова религија не е лесно. Но јас знам што треба да направиш!

-О, спремен сум на сѐ! – извикал философот. – Само кажи!

-Добро тогаш: Оди по светот, исцелувај болни и воскреснувај мртви. Потоа предај се себеси на распетие. И најпосле, откако ќе те погребат, на третиот ден воскресни од мртвите. Ако го направиш сето тоа сигурно за брзо ќе ја постигнеш целта…