Со почит кон славењето на Свети Партениј Лампсакиски, чиешто име го носи возљубениот наш Отец
Мил татко
Ти широко ја отвори вратата на твојата душа
И со љубов и трпение ги поучуваше нашите татковци, мајки, баби и дедовци,
како да се борат со искушенијата.
Ги поучуваше дека најважни за нив сме ние, нивните деца.
Од мали бебиња твојата Обител нѐ крштеваше со Светиот Дух.
Еве сме, растеме и чекориме по духовните дворови кои ти ги отвори за нас.
Твоето вложување ќе остане да сведочи за тебе и за сите идни генерации,
кои ќе ја чувствуваат безвременската вредност.
Јас сум една од многуте деца кои растат покрај тебе.
Твојот поклон длабоко го спакував во моето срце, а тоа е љубовта за тебе.
На многаја лета!