Едно утро едно дете ставило хартивче покрај чинијата на мајка си. На него тоа напишало:
„Мама му должи на Јован:
за одење во продавница – 25 денари;
за тоа што е добар – 10 денари;
за одење на часови по музика – 15 денари;
разно – 5 денари.
Вкупно, 55 денари.“
Мајка му се насмевнала и не рекла ништо. На ручекот му ги оставила сметката и 55-те денари до чинијата на синот. Но, до нив имало уште едно ливче на кое пишувало:
„Јован и должи на мама:
за тоа што е добра – 0 денари;
за тоа што го гледаше кога беше болен со денови – 0 денари;
за чевлите, облеката, ракавиците и играчките – 0 денари;
за сите негови ручеци и убавата соба – 0 денари.
Вкупно, Јован не и должи ништо на мама“.
Нему му дошле солзи на очи. Ја гушнал мајка си, ѝ ги вратил 55-те денари и ѝ рекол:
„Земи си ги парите, мамо и дај да те сакам и да те слушам бесплатно“.