На крилјата на љубовта

За љубовта добро ни велат,
дека со дела се покажува,
таа е најсилен лек,
кај човекот е од век.

Ете другарчето наше,
болно во кревет се свило,
чиниш скршено му е крило.

Љубовта сега најпотребна му е,
да го развесели
и од кревет подигне.

Јаболко, портокал, банана
кај болното другарче однесени,
од срца полни со љубов,
на дар принесени.

Балони во сите бои пред другарчето летаат,
небаре крилја имаат,
балони со бои на радоста,
срцата ги стоплуваат.

На ваквата љубов,
Милиот Бог се радува,
и добрите деца,
бескрајно ги благословува.

Јована Граждани, 10 години