Најубавите книги

Сите деца читат книги,
за во школо да немаат грижи.
Раскази читаат читко и јасно,
и во школо ги прераскажуваат гласно.

За добри луѓе и херои смели во книгите се зборува,
та никое дете да не се заморува.
И знаејќи за тие примери светли
никогаш да не потклекни.

Но, еден од тие светли луѓе
за нашиот град најзначаен е.
Светиот Климент кој Охрид го чува,
за во него ветер непријателски да не дува.

Дарувај им, Свети Клименте, на децата мили,
чист разум и благодатни сили.
Твојот пример преку учење да го видат,
И со љубов кон книгите секогаш да бидат.

Јована Граждани, 10 години