Манастирска убавина

Пред мојот поглед езеро блика,
Има прекрасна слика.
Има цвеќиња разни,
Ако некој направи лошо, Бог ќе го казни.
Има преубави јадења,
во бавчата има садења.
Идат луѓе од разни држави,
а не луѓе скржави.
Во манастирот има голем ред,
од пчелките јадеме мед.
На отец Партениј му бакнуваме рака
и ни поминува сета мака, зашто тој нè сака.
На сабајле има служби,
тука нема тужби.
Од овде поубаво место нема,
зашто злото веднаш ќе го снема.
Икони преубави има,
најубаво е во зима.
Овде е како во Рај,
на манастирот ќе нема крај.
Овде нема караници,
на Господ се сите саканици.
Сите веруваат во Бога,
има преголема слога.

Наум Наумоски – 10 год., Битола