Среде една голема планина,
тече жуборливо реката Радика,
а во нејзина близина има едно убаво свето место,
на кое со радост се сеќавам често.
Тоа место ко ѕвезда ноќе сјае,
во него молитвата засекогаш ќе трае,
местото претставува манастир убав,
паметник на вера, добрина и љубов.
Таму е рајот за моите очи,
освен молитва и света вода се точи,
таму мајката природа својот зелен килим го ткае,
само таму чистата мисла вечно трае.
Таму замислувам желби рој
и добивам духовен мир и мудри зборови безброј,
веќе знам дека тоа место е вистински рај
и секако, ќе се вратам таму до крајот на мај.
Киријакија Спаскова VI-2 одд.
ООУ „Славејко Арсов“ Штип
ментор: Милкица Миленковиќ-Стојанова