Кога некому тајна кажеш,
Полесно ти станува често;
Но за тоа треба да погодиш
Личност и место.
И во тоа како и во сѐ друго
Мора да си има ред;
Тешко оној кој на фејсбук
често прави исповед.
Зар на кафе со пријателот
да избереш таква тема
Светов да озборува само сака
И во тоа милост нема.
Гревот не е ни за пред фризер,
Психолог, или личност драга,
Знаеш само Христос може
Да ја исцели твојата тага.
Еднаш речи, три пати мери
Како ќе кажеш и на кој;
Па каде друго освен в црква,
пред духовникот твој.
И во тоа како и во сѐ друго
Мора да си има ред,
Се знае каде, како и на кој
Тајна се кажува на исповед.
Автор: Лидија Поповиќ
Илустрација: Сара Илиќ
Препев: Бигорски манастир