Архимандрит Партений, игумен на Бигорския манастир
Интервю на Стойко Стоянов
Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, дипломирал теологија на Универзитетот во Скопје. Потоа замина на Света Гора, а во 1995 година заминува во Бигорскиот манастир, каде што живее монашки живот. Во истата година тој беше ракоположен за јероѓакон, а следната година стана игумен на манастирот. Во 1998 година тој стана архимандрит. Неговото дело е обнова на манастирот.
ФАКТОР БГ: Ваше Високопреподобие, игумен Партений, позицията на монасите от Бигорския манастир след подписването на Договора за приятелство и добросъседство между България и Македония предизвика голям интерес у нас, какво Ви накара първи от духовенството на двата народа да застанете зад тези исторически истини, извън политическите интереси?
Игумен Партениј: За потребата од пријателство и добрососедство помеѓу нашите две држави ние, како монашко братство кое ѝ служи на Вистината и ја познава историјата, говоревме постојано, без разлика која политичка партија беше на власт. Како што и кажавме во нашиот став за Договорот, македонскиот и бугарскиот народ имаат одлични предиспозиции да живат во братољубие и меѓусебно почитување. Тука, пред сè, мислам на сите оние нешта од историјата што силно нè поврзуваат, почнувајќи од дејноста на Светите Рамноапостолни учители Кирил и Методиј и нивните ученици, па сè до денес. Токму затоа, кога овој природен и долгоочекуван Договор беше потпишан, ние веднаш нелицемерно го поздравивме. Едноставно, ние поддржуваме еден општествено многу важен договор, чија генеза трае уште од осамостојувањето на Р. Македонија и чија идеја беше разгледувана од сите досегашни влади на нашата држава. Нам воопшто не ни е битно која влада го потпишала Договорот, туку тоа дека тој е конечно реализиран и веруваме дека во иднина ќе донесе значителна добробит за двете земји. Би испаднале лицемери доколку сега не го поддржевме она за што цело време се залагавме.
ФАКТОР БГ: Присъединява ли се към Вашата родолюбива позиция и Охридската архиепископия, която е качила позицията на своя сайт?
Игумен Партениј: Секако. За повеќето од архиереите на Свештениот Синод на МПЦ-ОА, со сигурност знаеме дека нè поддржуваат. Во нив спаѓа, се разбира, и нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој мошне добро ја познава историјата и е свесен за актуелните прашања. Патем и добар дел од високиот и нискиот клир на МПЦ ОА воглавно го знаат нашето мислење по ова прашање.
ФАКТОР БГ: Казвате ясно, че почти един век в колективното съзнание на македонския човек и народ са насаждани „пропагандни отрови“, кои от тях бяха най-опасните?
Игумен Партениј: Всушност таквите пропагандни отрови започнуваат да го трујат македонското население уште од многу порано – можеби некаде од средината на XIX век. Но особено страшно и неподносливо било после конечното потпаѓање на вардарскиот дел од Македонија под српска власт во 1918 година. Тогаш започнало систематско србизирање на македонскиот народ. Најсилно пострадало македонското духовенство што останало верно на својата домашна црковна јерархија Егзархијата. Егзархиските владици биле протерани, многу игумени, монаси, свештеници, биле измачувани и убивани. За тоа сме пишувале во повеќе наврати… Српската пропаганда во тоа време одела дотаму што било забрането сенародното празнување на споменот на Светите Кирил и Методиј и на Свети Климент Охридски, односно на сè што гo поврзувало народот со своите духовни корени. А за дејците на ВМРО и да не зборуваме: доволно било само некој да спомне име на херој од ВМРО за да биде веднаш стрелан… Тука сакам да нагласам дека ние денес немаме ништо против СПЦ, ниту против српскиот народ – ни една трошка омраза, но, сепак, историјата мора да се знае да не се повтори.
Пропагандата продолжила и во комунистичко време, а особено после Информбирото од 1948 и нарушувањето на односите помеѓу ФНР Југославија и НР Бугарија. Тогаш започнала безмилосна кампања против вистинската историја. Наеднаш, во учебниците по историја, Егзархијата станува најголемиот непријател на македонскиот народ, а вешто се прикрива фактот дека многу духовници, преродбеници, учители, општествени дејци од Македонија учествувале во нејзиното создавање, со радост ја прифатиле и биле дел од неа. Потоа, од македонската историја биле намерно бришени или оцрнувани настани и личности што се нераскинлив дел од неа. Така, на пример, Тодор Александров станува една од најомразените личности, што наводно се борел против Македонија! Гледате ли каква иронија?! Истото се случува и со Маршот на македонските револуционери: „Изгреј зора на свободата“. Во Македонија сè уште има луѓе кои не знаат дека оваа песна била, всушност, официјалната химна на првата македонска држава, од 1945 до 1948. Меѓутоа после тоа таа веднаш станува неподобна и непријателска. А замислете колку силно таа го изразува внатрешниот копнеж на поробениот Македонец за дарот на слободата: „со јуначка крв ќе ве удавиме и пак ќе се ослободиме“. Колкава болка за Татковината треба да чувствува човек за да го пее тоа! Возвишено нешто!
Доста голема штета на македонскиот народ му нанесе и романтичната теза дека, наводно, македонскиот народ имал директно античко потекло. Во ред – никој не оспорува дека сите епохи оставаат културното наследство за следните, но да се даде еден толку силен нагласок на античкото потекло, за сметка на она што е автентично твое и блиско по дух, е неосновано и ненаучно. Народноста е културно-историска категорија, а не лабораториска генетика. Јазикот, верата и територијата, според историографската наука, се трите главни етнообразувачки фактори. И колку е штетно и погубно кога ќе изградиме некој мит и романтична историја и поверуваме во нив како да се вистина, занемарувајќи такви личности и настани од нашата вистинска историја со кои можеме да се гордееме пред целиот свет. Пример за тоа ни се Светите Седмочисленици и нивните наследници, кои не со меч и крв, туку со словото Божјо и со добрина и љубов освоиле огромни народи и пространство. Тие луѓе се богатство за целиот свет и со право можеме да ги наречеме татковци на цела Европа, бидејќи идејата за рамноправност на сите јазици и народи тие ја проповедале десет века пред создавањето на обединета Европа. Ете, тие се главните херои и родоначалници на нашата заедничка историја.
ФАКТОР БГ: Кои български, македонски и международни сили имаха и имат интерес двата братски народа да се мразят почти век и да живеят в раздор?
Игумен Партениј: „Нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6,12) – напишал великиот учител и просветител на народите, Светиот Апостол Павле. Следствено, сметам дека таквите сили што дејствуваат против братољубието и шират омраза, ги има кај сите народи. Впрочем, злото дејствува и во нас самите поединечно, па затоа е неопходна борба најпрво со сопствениот егоизам, зло – како што вели современиот светител Паисиј Светогорец: „Доколку не се трудиме доброто да надвладее во нас самите, како тогаш би можело да надвладее во светот?“ Значи, изворот на тие сили е извесен, а оружјето против нив ни го дава Апостолот Павле во продолжение на своето Послание до Ефесјаните: „Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на правдата, и нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир. А над сè, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги угаснете сите вжештени стрели на лукавиот; земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!“ (Ефес. 6,13-17)
ФАКТОР БГ: Какво се случи напоследък в Македония и защо вярвате, че е настъпило време свободно да изразите своето мнение по важни държавни въпроси?
Игумен Партениј: Нашето братство е познато по тоа што неотстапно ја сведочи Вистината и често пати излегува со свои ставови, апели, проповеди, соопштенија. Така што, ова не е прв пат да дадеме свое мислење за нешто што е од општествена важност. Едноставно, како што веќе кажавме, Договорот беше потпишан и ние веднаш потоа го поддржавме, се разбира, аргументирано.
ФАКТОР БГ: Коя е последната канонична църква, присъствала на ваша територия, преди присъединяването на територията на днешната ви държава към Югославия, това не е ли Българската екзархия, която 1945 г. получава признание от Вселенската патриаршия?
Игумен Партениј: Тоа е неоспорлив историски факт. Тука би додале и дека главните дејци и борци за обновата на автокефалната македонска црковна јерархија беа воспитаници, клирици или приврзаници токму на Егзархијата.
ФАКТОР БГ: Не е ли редно тогава вашата Църква да получи автокефалия от София, тъй като образно казано едната е църква майка, а другата е църква дъщеря?
Игумен Партениј: Ние искрено веруваме и се надеваме дека Бугарската Патријаршија, како наследница за Егзархијата има целосно историско и канонско право, но и обврска, да ја признае автокефалноста на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна Црква. Зашто едни од најголемите борци за нејзиното создавање и понатамошно функционирање биле токму од Македонија. Помеѓу нив се вбројуваат: Рајко Жинзифов од Велес, книжевните дејци и огнени борци за народната просвета: Константин и Димитар Миладинови, Јордан Хаџи-Константинов Џинов, Арсениј Јовков, Григор Прличев, Методиј Кусев и многу други. Исто така, тука спаѓа и нашиот познат писател, општествен деец и револуционер, Натанаил, роден во скопското село Кучевиште, кој во септември 1872 година бил ракоположен за прв егзархиски митрополит во Охрид. Меѓу најгласните борци за создавање на Егзархијата бил и големиот преродбеник, писател, учебникар, народен деец и духовник, Партениј Зографски (родум од Галичник), митрополитот Пољански и Нишавски, кој за малку ќе станел и првиот претстојател на Егзархијата. Митрополитот Скопски Неофит, роден во Охрид, архимандритот Панарет (подоцна Брегалнички епископ), по потекло од Ресенско, Митрополитот Велешки Мелетиј и Архимандритот Евлогиј, родени во Битола, се исто така, дел од автохтониот македонски висок клир на Егзархијата. И уште повеќе, токму македонското духовенство и население гинело и страдало за Егзархијата во време на српскиот режим. И жално би било доколку ние, денешните нивни потомци, не добиеме рака од Софија. Затоа Бугарската Црква, како единствена вистинска и достојна Мајка-Црква, со широко срце треба да ја признае Македонската Црква, која, еве, веќе половина век успешно ја врши својата пастирска и евангелска мисија во една мултинационална држава, и е прифатена од сите православни, без разлика на нивната национална припадност. Ете, на пример, во бигорското братство имаме еден монах Србин, друг Ром, трет Палестинец, а во моментот имаме и еден искушеник етнички Албанец.
ФАКТОР БГ: Смятате ли, че Вселенската патриаршия има основание да се притеснява от факта, че ваши духовници се обучават като студенти в учебните заведения на Руската църква, а така Кремъл постига близост до Света гора за влияние на Балканите?
Игумен Партениј: Наши деца учат православно богословие не само во Русија, туку и во Грција, Романија, Бугарија… Ние имаме исклучително добри односи и со многу црковни великодостојници од Вселенската патријаршија, Атинската архиепископија и Света Гора. Не сме запознаени со високите геостратешки политички игри, ниту пак сме заинтересирани за нивното евентуално дејствување. Едноставно, нас православните треба да нè интересира единството и љубовта во Христа.
ФАКТОР БГ: Притеснява ли ви мълчанието на Българската православна църква за постигнатия исторически Договор между двете държави?
Игумен Партениј: Очекуваме и таа со радост да го прифати и да дејствува во правец на горе кажаното. Многу од архиереите на Свештениот Синод на БПЦ, со кои и лично се познаваме, го поздравуваат овој Договор, имаат голема благонаклоност кон МПЦ-ОА и сакаат да ја видат во заедница со сите помесни православни цркви, како автокефална. Меѓу нив е и смиреномудриот и богопросветлен Патријарх Бугарски, Неговата Светост Неофит, со кого имаме лично пријателство.
ФАКТОР БГ: Но БПЦ не коментира и каноническия казус с църковността на вашата територия, възможно ли е зад това поведение да се крият руски интереси?
Игумен Партениј: БПЦ сега треба храбро и братољубиво да постапи и да ѝ подаде рака на Охридската Архиепископија. За тоа не се потребни никакви туѓи инструкции, туку едноставно прифаќање на историската вистина. Во таа насока, секако, би содејствувала и Руската Православна Црква, која е голема сила во православниот свет и која одлично знае каде е вистината. Уверен сум дека и таа посакува конечно да се исцели оваа голема рана на Православието и да се исправи историската неправда, така што би требало да ја поддржи БПЦ во овој спасителен потег.
ФАКТОР БГ: Бихте ли приели София, а не Москва да е медиатор в спора за вашата църква между Скопие, Цариградската патриаршия и Белград?
Игумен Партениј: Навистина би било срамно, покрај толку голема историска и канонска поврзаност меѓу нас, која сите ја знаат, особено Москва, да дозволиме медијатори да ја имаат пресудната улога во решавањето на прашањето со нелогичното непризнавање на МПЦ-ОА. Жално е што денес Охридската Архиепископија има нерешен статус. На томосот за автокефалност на Руската Црква потпишан е и тогашниот Охридски Архиепископ со неговата официјална титула што ѝ е позната на црковната и научната јавност. Впрочем, и Охридската Архиепископија е нешто што силно нè поврзува, зашто таа со векови била наша заедничка црква. Затоа нејзиното признавање од страна на БПЦ би преставувал голем историски чин, кој ќе го запечати духовното сродство и братољубието помеѓу нашите народи.
ФАКТОР БГ: Как българи и македонци трябва да опазим това духовно сродство и близост и да не допуснем разликите да станат отново причина за омраза и раздори?
Игумен Партениј: Со тоа што свето ќе ја пазиме нашата заедничка христоцентрична историја, но во исто време ќе се почитуваме и во своите различности, без вжештени размислувања. На сите треба да ни е јасно дека од нашата општа цивилизациска лулка до денес се издвоиле нашите два братски народа, македонскиот и бугарскиот, секој со своите национални посебности. Заедничката историја и посебното национално чувство денес, треба подеднакво да се почитуваат од двете страни. Тесноградиот квазипатриотизам, заснован на романтични митови и извртено толкување на историските факти, и проследен со непризнавање на меѓусебните различности, му прави многу поголема штета на братољубието и зближувањето од било што друго. Нашата крајна цел е единство во љубовта Божја, а не раздори и омраза. Долги векови сме живееле обединети во таа спасителна вистина. Бог нека нè утврди и сега во љубовта Своја! Амин!