ДАМАСК

Како живееме, знаеме или не знаеме? Го живееме ли она што го знаеме, или не знаеме како да го живееме? Дали живееме вистински – со љубов, со срце и со душа, со насмевка, со радост, во мир, со трпеливост, со добри дела, со добра мисла, со проштевање, во скромност, со милост, во смирение, трудољубиво, со почит, со послушност, без злоба, без немир, без завист, без љубомора, без презир, без гнев, без озборувања, без осудување.

Видението на Апостолот Павле на патот кон Дамаск

Ако живееме вака, значи живееме вистински, живееме со Бога, а и Бог живее во нас и со нас.

Да ја најдеме Вистината, како што и Св. Павле, Апостолот на светот, ја најде во Дамаск.

Киниса со лага, пристигна со Вистина. Падна и стана, ослепе и прогледа…

На секого од нас денес даден ни е по еден Дамаск, даден ни е по еден пат, дадено ни е по едно време, даден ни е по еден живот; дадена ни е шанса да осознаеме и да се овистиниме.

Можеби првото наредно село, за нас е нашиот Дамаск…

Да не го одминеме.