Коренот на Божјите заповеди е верата од која како од извор се излива спасението на телото и на душата и на секое добро во овој и во идниот живот.
Св. Григориј Богослов
Во катихезата се вели вака: основни доблести на христијанството се верата,надежта и љубовта, а додека под мудрост (Софија) се подразбира познавање на незнаењето и познавање на единиот вистински Бог…
Е, сега, во Скочивир има еден олтар кој не е така посетуван, можеби понекогаш, ретко, можеби често, да не грешам душа, одамна ли е заборавен, не е заборавен, постоел, постои… во моментот можеби и тоа не е најважно, важно е дека на тој олтар, Светињата, Ангелот чувар, Светиот дух сеуште се таму, бдеат, чуваат и таму ќе бидат за век и веков, до крајот на светот … затоа што тој олтар со нив е осветен засекогаш и така ќе остани, без разлика што физички се случува со тоа мест … така е и во Света Софија… и така ќе остане.
Но, човекот докажа дека со верата се справува и верува нељубопитно и без расуди, односно слободно ги прима проповеданите зборови.
Човекот докажа совршена и постојана надеж и со надеж очекуваше добра. Со надеж исповедаше и потврдуваше вера.
И човекот го љубеше она што го спознал, а го спознал Бога, без да се осврнува на љубовта кон непознатото која можеби не е можна.
А позивот, човекот повторно го доби токму во Света Софија…
Значи ако ги поврземе Света Софија, Скочивир, нашата Света Софија, Света Софија, Вера, Надеж и Љубов… ќе дојдеме до самиот човек…
На крајот, познавањето на незнаењто, како мудрост… започнува сега на страшното место каде постои… да остане во верата, бедата, понизноста, смирението, едноставноста… за уште повеќе да се омудри…
Мудроумието (Фронисис) е познавање на доброто и злото, правењето добри дела и настојување во судењето што треба а што не треба да правиме, а тоа повторно е поврзано со мудроста …
Сега на човекот останува …
Самиот Господ Исус Христос да му е на помош, Мајката Божја Богородица и Сите Светии… затоа без Нив и заради Нив е и верата и љубовта и надежта, односно за нас луѓето преку Нив и од Нив…
Старците во нашата Света Црква направиле добар избор, затоа што верувам сето ова сите тие одамна го имаат спознаено, а сето тоа треба да продолжи, затоа што во верата и со верата уште имаме од векот…
Векот кој треба да го изодиме како пат…
А, патот за Скочивир најдобро го познаваат рибарите. Нашиот пат најдобро го познава Рибарот на луѓето…
По Неговата милост…