Посни макарони со спанаќ (на вода)
Посни макарони со спанаќ и ореви (без масло) кои можете да ги направите во деновите од Великиот пост.
Време за припрема 5 минути
Време на подготовка 25 минути
Вкупно време 30 минути
Сервирање 4 лица
Сосотојки
- 1 пак. макарони (шпагети) 500 гр.
- 500 гр. спанаќ (свеж или замрзнати брикети)
- 1/5 глава кромид
- 1/5 праз
- 1 морков
- 1 чешне лук
- ореви по желба (околу 50-100 гр.)
- сончоглед по желба (околу 20-50 гр.)
- 3-4 лаж. таан
- сол по вкус
Начин на подготовка
-
Макароните се варат во солена вода според упатството на пакувањето.
-
Кромидот, прзот и морковот се сечкаат на парчиња и потоа се динстаат за да омекнат.
-
Кога ќе омекнат се додава и спанаќот се вари уште пет минути и потоа се блендират сите заедно. Се добива една смеса како зелена каша.
-
Потоа изблендираната зелена каша се соединува со претходно сварените макарони.
-
Таанот се разбива со вода во блендер, му се додава лукчето и заедно се блендират. Потоа се додава на макароните.
-
Се додаваат мелените ореви и мелен сочоглед. Може да се додат и други семиња по желба.
-
Декорирајте и послужете. Може да ги послужите со маслинки.