Посни сочни ќофтиња – без масло

Посни сочни ќофтиња (без масло)

Посни сочни ќофтиња (без масло)

Вид на јадење Главно јадење
Кујна Бигорска, Македонска, Манастирска
Клучни зборови Ореви, Посни јадења
Време за припрема 10 минути
Време на подготовка 40 минути
Вкупно време 50 минути
Сервирање 4 луѓе
Автор Бигорски Манастир

Сосотојки

  • 3 моркови средна големина
  • 1 компир средна големина
  • 1 тиквица (зелена, Zucchini)
  • 3 кромидчиња млади
  • 1 чешне лук
  • 300 гр. брашно од овес
  • брашно од хељда
  • сусам
  • сол
  • црн бибер

Начин на подготовка

  1. Се рендаат морковите, тиквичката и компирот. Смесата се остава да се исуши. Може да се остави да се процедува преку цедалка или да се истиска. Се додава ситно исечкан кромид и лук. Се додава брашното од овес заедно со зачините по желба. Хељдата се додава во количина додека да се добие полуцврста смеса која може да се облекува во форма на ќофтенца. Се оформуваат ќофтенца кои се покриваат со сусам.

  2. Се редат во тава за печење и се печат на 170 степени 40 мин (или зависно од рерната) додека да добијат румена боја.

Забелешка

Брашното од овес може да се замени со лебни трошки. Брашното од хељда може да се замени со пченкарно или пченично брашно. Во смесата може да се додадат и семки по желба (сончоглед, тиква).

Може да се сервираат со павлака од индиски ореви.