Би умрел ли за лага?

Stefan Lochner, Die Apostelmartyrien (Мачеништвата на Апостолите)

 

Однесувањето на апостолите после Христовата смрт е историски факт кој претставува проблем како за историчари и психолози, така и за скептици. Ненадејната подготвеност на овие единаесет поранешни кукавици да претрпат понижувања, мачења и смрт е драматичен пресврт. Сите освен еден од Христовите ученици претрпеа маченичка смрт. Би направиле толку многу заради една лага, знаејќи дека „го украле телото“?

Терористите од 11 септември докажаа дека некој би умрел за лажна причина во која веруваат. Сепак, да бидеш доброволен маченик за позната лага е лудило. Како што пишува Пол Литл: „Луѓето ќе умрат за она што веруваат дека е вистина, иако во стварност тоа би било лага. Но, тие нема да умрат за она што знаат дека е лага[1]. Исусовите ученици се однесувале на начин согласен со вистинско верување, дека нивниот Учител е жив.

Никој нема дадено соодветно објаснување зошто учениците биле волни да умрат за позната лага. Но дури и сите да направиле заговор да лажат за Христовото воскресение, како би можеле тој заговор да го одржат со децении, без барем еден од нив да ги продаде за пари или положба? Морланд пишува дека „тие што лажат за лична корист не остануваат заедно многу долго, посебно кога потешкотиите ја намалуваат добивката“[2].

Чак Колсон, вмешан во Вотергејт скандалот за време на претседателството на Ричард Никсон во САД, ја истакна тешкотијата за неколку луѓе да одржат една лага во текот на подолг временски период.

„Знам дека воскресението е факт и Вотергејт ми докажа. Како? Бидејќи дванаесет луѓе сведочеа дека Го виделе Исуса воскреснат од мртвите и тие ја објавуваа таа вистина во текот на четириесет години, без да одречат ниту еднаш. Секој еден од нив беше тепан, мачен, каменуван и ставан во затвор. Тие не би издржале ако тоа не беше вистина. Вотергејт вмеша дванаесетмина од најмоќните луѓе во светот и тие не можеа да ја одржат лагата три недели. И вие ми кажувате дека дванаесетте апостоли можеле да ја додржат лагата цели четириесет години? Апсолутно невозможно“[3].

Се случило нешто што променило сè за овие мажи и жени. Англискиот новинар д-р. Френк Морисон признава дека „кој се зафаќа со овој проблем, порано или подоцна мора да се соочи со фактот што не може да се објасни … Овој факт е дека … мала група на луѓе претрпела многу силно убедување – промена која го сведочи фактот дека Исус воскреснал од гробот[4].

 

[1] Paul Little, Know Why You Believe (Wheaton, IL: Victor, 1967), 44.

[2] J. P. Moreland, Scaling the Secular City, (Grand Rapids, MI: Baker Book House, 2000), 172.

[3] Charles Colson, “The Paradox of Power,” Power to Change, www.powertochange.ie/changed/index_Leaders.

[4] Frank Morison, Who Moved the Stone? (Grand Rapids, MI: Lamplighter, 1958), 104.


Извор: Y-Jesus