Недостигот на црковна размисла е еден исклучително голем проблем со кој се соочуваме денес како Православни Христијани. Многу архиереи, свештеници, па дури и обични лаици, функционираат како единки, а не како дел од едното, единствено црковно тело. Секој од нив, стручен или не, го истакнува сопственото мислење за теми кои се отвораат, потполно игнорирајќи ги одлуките на синодските органи на Црквата.
Маски, вакцини, богослужбата за Воскресение (последново се однесува на промена на времето на извршувањето на Велигденската богослужба во Грција годинава, поради полицискиот час, за која се подигнаа многу дискусии во јавноста, з.н.), се некои од темите кои беа дискутирани. Зошто? Бидејќи имаме недостиг на црковна свест, бидејќи се потпираме на сопствените сили, бидејќи веруваме дека ние сме секогаш во право, бидејќи не се смируваме пред одлуката на Црквата. Многу голема прелест е верувањето дека можеме да бидеме поправославни од православните, бидејќи на тој начин излегуваме надвор од телото на Црквата.
Извор: Απαρχή
Погледнете го видеото, во кое старец Антипа на прекрасен начин ги објаснува споменативе теми: