Малите ежиња

Беше тоа најстудената зима. Многу животни умреа од студ. Ежињата, гледајќи ја страшната судбина што им се заканува, решија да се здружат за да си држат топлина. На тој начин тие можеа да се заштитат и покријат себеси, но со боцките си ги рануваа своите најблиски другари. По извесно време, не можејќи да ја трпат болката, решија да се оддалечат еден од друг и полека  почнаа да умираат од студ – осамени и смрзнати. Така, ежињата што останаа мораше да изберат: или да ги толерираат боцките на оние што се најблиску до нив или да ги снема. Мудро решија повторно да се вратат и да живеат заедно. Научија да живеат со малите рани што им ги нанесуваше блискиот однос со другите, но како резултат на тоа се грееја од топлината што доаѓаше од целата заедница.

И ние луѓето сме како мали ежиња. Најдобрите односи меѓу нас не се кога бараме совршенство од другите, туку кога секој поединец ќе научи да живее со несовршеностите и слабостите на другите и ќе научи да ги цени нивните добри особини.